15 октомври 2024
Здравјето пред СЕПоследно

АРМИЈА од ЖЕНИ која „гази“ сè пред себе!

Дали има некој кој сеуште не слушнал за АРМИЈАТА на АНА? Кај армија па уште и предводена од женско … Епа драги мои, оваа армија е една од најголемите, најуспешните, најјаките женски армии, каде целокупни животи се менуваат кон подобро.

Станува збор за сите девојки, жени, мајки, тетки, па и баби кои се дел од програмата на прекрасната Ана Стојанова, кои со помош на нејзиното знаење и искуство стекнато низ годините, од корен ги менуваат навиките, физичкиот, но и психичкиот изглед бидејќи веруваат во неа и нејзините насоки во поглед на здравиот начин на живот.

Исхраната која ја нуди е ВРВ, бидејќи не готвите само за себеси, туку готвите здраво и вкусно за целата фамилија со користење на намирници кои ги употребувате во секојдневието, без посебни „мегаломански“ рецепти и бдеење со часови во кујна, вклучувајќи го и чувството на постојана ситост и немање глад, со истовремено губење на килограмите. Да, и тоа е можно!

Вежбите се ВРВ над ВРВОВИТЕ! Може ќе речете дека немате време за вежбање, што во овој случај, тој изговор ви паѓа во вода, бидејќи вежбите на Ана траат дури ЦЕЛИ 10 МИНУТИ! Е толку време секој од нас има да одвои, па ако сака нека се преврти и светот. Кратки но интензивни вежби кои секој ден опфаќаат различен сегмент од вашето тело, со што се обликувате постепено но сигурно во целост.

Но една од НАЈВАЖНИТЕ работи во програмата на Ана, како што напоменавме претходно е  АРМИЈАТА, која ја сочинуваат сите членови на нејзината програма, кои со нивните постојани постирања на слики, видеа, но и мотивациони пораки, нема да дозволат ниту за момент да се опуштите и да се фрлите во прегратките на „нездравиот“ живот кој можеби сте го воделе порано.

Топло ви препорачуваме да го заследите нејзиниот инстаграм профил:  https://www.instagram.com/annstojanova/ каде можете да видите подетално за што станува збор и да ги погледнете многуте трансформации за кои токму таа е виновникот, да посведочите за животите кои секојдневно ги менува и доколку имате потреба да се предадете во рацете на овој вистински професионалец, која покрај промената која ќе ви ја даде, ќе ви пренесе еден тон позитивна енергија која неуморно ја шири насекаде.

Искрено од паталец а не гаталец,

Биљана

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0