Брз, вкусен и ЗДРАВ појадок

Сите сакаме да готвиме со здрави намирници, но сето тоа да биде брзо, лесно и најмногу од се вкусно. За сите јадачи па дури и за оние најпребирливите ви ги предлагаме овие брзи мафини кои можете да ги подготвите за појадок или вечера, а може да бидат изедени и за ужина.

Ова се состојките:

  • 2 јајца
  • 1 шолја јогурт (200мл)
  • 1/2 шолја масло (по ваш избор)
  • 2 шолји брашно
  • 1 прашак за пециво
  • блитва и сирење (или било која друга намирница по ваш избор)

Ги мешате сите состојки во еден подлабок сад и во намрсено тавче за мафини ги полните калапите со смесата. Во претходно загреана рерна на 220°C печете околу 15тина минути или додека убаво не поруменат. Послужете со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0