ЧАО за последниот ПОНЕДЕЛНИК од 2020!
Првак на неделата, можеби најчистиот и најсредениот ден за повеќето бидејќи доаѓа веднаш после недела (славниот ден за бањање, фенирање, пеглање и генерално спремање за работната недела), ден кога сме најодморни, наспани и спремни за работа (за разлика од четврток, кога го чекаме петок; или од петок кога чекаме да заврши работното време за да му ја здувнеме некаде), не толку омилен меѓу луѓето, неретко и мошне омразен бидејќи сакаме викендот да трае барем уште минимум 5, 6, 10 дена, до месец максимум да речеме, и уште многу пофални и погрдни зборови за еден не толку обичен ден од неделата – ПОНЕДЕЛНИК!
Денес, 28 Декември, е последниот понеделник од оваа пандемична 2020 година. Да се надеваме дека понеделниците во новата 2021 година ќе бидат позабавни, исполнети со многу повеќе елан и енергија, незаборавни журки и собиранки после работното време кои ќе ни донесат нови познанства, убави пријателства, пријатни разговори и сето тоа во магично опуштена пријатна атмосфера.
Понеделникот во новата 2021 година нека биде еден нов почеток на неделата кој ќе го пречекуваме со широка насмевка и ширум отворени раце. Да ги сакаме сите денови подеднакво, бидејќи тие се постојан дел од нас, дел од тркалото наречено живот во кој ние одлучуваме дали ќе биде исполнет со среќа, убави емоции и ќе биде ден со кој ќе грабаме напред во животот и многу повеќе од тоа.
Бидејќи секој ден е важен!