ДА за топла вода и ЛИМОН

Дали сте за чаша топла вода зачинета со половина лимон? Доколку сакате да ја одржите вашата линија или сте на пат на слабеење на правилен начин, тогаш сигурно би сакале да го вклучите овој утрински ритуал во вашата програма.

Ова се само некои од придобивките:

  • Лимонот е богат извор на Витамин Ц, суштински хранлива состојка која го штити телото од недостатоците на имунолошкиот систем
  • Лимонот содржи пектин влакна кои се пред се корисни за здравјето на дебелото црево и исто така служи како моќно антибактериско средство
  • Го балансира одржувањето на pH вредноста на телото
  • Пиењето топла вода со лимон наутро помага во ослободување од токсини
  • Тој е одличен извор на лимонска киселина, калиум, калциум, фосфор и магнезиум
  • Помага при спречување на раст и размножување на патогени бактерии кои предизвикуваат инфекции и болести
  • Помага при намалување на болка и воспаление во зглобовите и колената
  • Помага при настинка
  • Содржината на калиум помага при нега на мозочните и нервните клетки
  • Го јакне црниот дроб преку обезбедување на енергија на неговите ензими кога се премногу разредени
  • Од огромна корист е за кожата и спречува создавање на акни и брчки!
  • Помага при одржување на здравјето на очите и помага при битка со очни проблеми
  • Помага при создавање на дигестивни сокови
  • Лимоновиот сок помага при надополнување на телото со соли, особено после напорен тренинг!

Затоа ако сакате помош при губење на килограми, подобро расположение, почиста кожа, подобра дигестија, појак имун систем, свеж здив и уште мноооогу добри нешта … знаете што треба да направите.

На здравје!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0