Дали децата да се „употребат“ како оружје во битката против маски во училиштата?

Во јавноста се појави видеото на г-ѓата Гордана Гоџо – познат активист и голем борец за човекови права, која рака под рака со своето чедо бара да ја пуштат да влезе во училиштето и да ја следи наставата без маска. Иако таа дава аргументи, расправијата сепак не завршува со позитивен исход, бидејќи надлежните во училиштето стојат цврсто на ставот дека треба да се почитуваат препишаните протоколи и да не пуштаат никого во училиштето без маска.

Секоја чест на г-ѓата Гоџо за овој нејзин несебичен, директен герила чин без преседан со кој сака не само на својата ќерка, туку и на сите деца да им помогне со тоа што би се променила мерката за задолжително носење на маски во училиштата. Видеото веднаш стана вирално и коментарите сеуште не стивнуваат. Некои ја поддржуваат но некои и не. Проблемот се јавува кога во позадина се слуша и нејзината ќерка која во солзи вели дека сака да оди на училиште и да биде со другите деца, но е спречена во тоа.

Драги сограѓани, родители, баби, дедовци и добронамерници, ние и благодариме на г-ѓата Гоџо за ова видео кое го споделува со нас, но дали вие сметате дека децата треба да бидат вмешани во овој проблем кој ни го наметнуваат институциите и државата? Дали наместо како родители кои сакаат да ги заштитат своите деца, треба да ги изложуваме на ваков начин, кој за жал може да предизвика лоши сеќавања и трауми во периодот во кој се градат како индивидуи и треба да се спокојни и весели пред се?

Нашиот став е дека НЕ ТРЕБА! Ние, РОДИТЕЛИТЕ, сме тие кои треба сложно да се избориме за нивните права! Да не ги мешаме децата во ова! Доволно им е тоа што им е ускратено детството, дружбите, што со маски седат на училиште, и навистина не им треба дополнителен стрес во ова само по себе стресно време.

Затоа приклучете се на групата „СТОП за носење на маски во училиштата“и потпишете но и споделете ја петицијата со клик на овој линк. Мора да тргнеме од некаде нели. Некои викаат дека е задоцнето, дека нема да успееме, дека сите се јаки на тастатура но на протест нигде ги нема, но дали ќе се откажеме? НЕ, нема откажување овој пат!

Затоа на 24.12 – петок, СИТЕ да се приклучиме и да го направиме овој СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ најмасовниот до сега! Да создаваме историја заедно! За нашите деца, за нас, за иднината! Да бидеме активни родители пред се! Еден датум, едно време низ цела Македонија! Организаторите од иницијативата наскоро ќе ги соопштат деталите околу протестот во Скопје, но вие од другите градови, направете го тој дополнителен чекор напред и организирајте се меѓу вас, за низ цела Македонија да се чуе гласот на родителите, кој верувајте доволно време беше стишуван и замолчуван!

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОТЕСТ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0