Дали конечно ќе се укине носењето маски во училиштата?

Кафичи, кафани, дискотеки пуштени на најјако. Сите опуштени, насмеани, видно расположени. Животот се врати во Македонија. Кафенце, сокче, нешто жестоко за живели и секојдневието добива сосема друга нота. Маски не се потребни на тие места бидејќи во спротивно не би можеле „нормално“ да комуницираме, на глас да се смееме и комплетно да уживаме.

Во меѓувреме во училиштата сосема друга слика. Децата покриени со маски, се гушат во сопствениот воздух кој го вдишуваат и издишуваат, се надвикуваат за да можат воопшто да се слушнат. Како родителите и нивните деца да живеат со сосема различна реалност. Паралелна димензија на големи и мали. 

Дали со овие мерки вршиме дискриминација врз младите во Македонија? Како тоа ќе се одрази на нивната личност, особено во оваа фаза кога го градат својот карактер и општествено се социјализираат? Дали свесно ја „уништуваме“ или поблаго кажано преобликуваме нивната иднина, погледот кон светот, и општо го наметнуваме скривањето позади маски како нивно секојдневие?

Чудни, контрадикторни, небулозни мерки! Што треба да се направи за оваа мерка да се укине? Петиција се потпишуваше, докази се собираа за штетните ефекти од маските но за жал без конкретен резултат, а и околу протестите видовме дека не сме нешто сложни. Но бидејќи сме јаки барем на тастатура, ајде да ги притиснеме политичарите! И така претежно сите сме партиски обоени, дајте преку политика да ги спасиме нашите деца! За наши деца се работи!

Драги инфлуенсери, вашиот глас особено е потребен сега. Пејачи, глумци, јавни личности и сите добронамерници, ајде заедно да дејствуваме!

Отворени сме за предлози. Секој коментар или критика се добредојдени.

Иднината е ДЕНЕС! 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0