11 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали ЛЕВИЦА оди ПРОТИВ македонскиот народ?

Ако некој јасно и гласно ги искажува своите ставови, притоа не бирајќи зборови за тоа, е партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Тој отвори „војна“ на корупцијата, криминалот, несовесното работење и трошење и многу други теми кои со години се провлекуваат и се болни точки на македонскиот народ.

Како „новокомпонирана“ партија во владината конструкција, Левица на големо собира поени и членови, особено од млади, неопределени и оние на кои им е преку глава од на ти го – дај ми го помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Се е тоа во ред, се додека не не изненадија со чекорот кој го прават во моментов, односно повикуваат на БОЈКОТ на ПОПИСОТ кој е во полн ек, а во Македонија започнува за неполн месец. Бараме одговори на следниве прашања:

1. Кажете ни г-дине Апасиев, која е целта на овој БОЈКОТ?

2. Дали ако не отвориме врата, како што вие инсинуирате, и не се попишеме, пописот ќе се поништи?

3. Колкав процент од населението треба да не се попишат за да биде неважечки пописот?

4. Што ако тој процент не се исполни? 

Убаво е што имате идеја и замисла, што сакате да спречите можен фалсификат и дополнително ширење на пандемијата, НО, знаејќи ја владата, таа ќе си го спроведе пописот на овој или оној начин, со нас вклучени или не! Ама НИКАКО, и ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, не смееме да дозволиме да не се попишеме како МАКЕДОНЦИ!

Еднаш не „смотаа“ за референдумот и не излеговме да го изразиме својот став, мислејќи дека со тоа правиме добро за Македонија, а испадна сосема спротивното. Не сакаме истото да ни се случи и сега. Да не дојде да бидеме МНОГУ помалце отколку што сме, па да сме причина за промена на комплетна демографија на Македонија. Тоа не смееме да го дозволиме!

Вие како член на Владата може да предложите мерки како да се врши зголемена контрола на пописот како би се спречиле одредени неправилности, и како второ, како да се заштитиме од ширењето на вирусот кој има добри изгледи да биде зголемен доколку попишувачите ги пуштаме во нашите домови, што исто така не е опција! На овие прашања треба да се размисли и поработи, и да се воведат одредени измени, а не бојкот на којшто вие повикувате.

Го очекуваме вашиот одговор.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0