11 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали некогаш ќе се вратиме на НОРМАЛНИОТ начин на ЖИВОТ?

Како се движат бројките на пандемијата, се повеќе се намалува надежта дека наскоро ќе го видиме нејзиниот крај и конечно ќе може да се вратиме на нормалниот начин на живот на кој сме биле навикнати до пред некоја година.

Вакцините на овој или оној начин ќе стигнат во Македонија и народот сакал или не ќе се вакцинира. И најголемите поборци и противници на оваа заштита преку игла, порано или покасно ќе ја прифатат реалноста и ќе дозволат да ја примат оваа „магична“ течност, особено ако сакаат да излезат од државата без да прават тестови на секое преминување на границата. Дали чинот на примена вакцина ќе биде „крунисан“  со посебен медицински пасош или некаков сертификат, воопшто не е ни важно, затоа што ако некој сака да патува било каде надвор од својата земја, ова ќе биде задолжително.

Да бидеме искрени, сега толку нè не плаши примањето на вакцината, колку што е сеприсутен стравот од живот во наметнатата нова реалност, што значи маски и исклучива дистанца во недогледна иднина.

    Прво и основно, како ќе изгледа иднината на најмладите ако училиштата и сите образовни институции останат затворени и наставата продолжи да се одвива он-лајн? Катастрофа! Социјализација и во 4 очи интеракција, помножени со НУЛА! Прво кое треба да се врати во нормала е образованието позади старите убави клупи. Тоа ПРВО!

Како ќе изгледа животот без секојдневното отворено другарување, без постојана претпазливост и оддалеченост, без топлото собирање за семејните прослави и вечни слави? Како ќе ги славиме нашите родендени и родендените на нашите дечиња без нивните другарчиња и лудориите на кои сме научени? Без кафичи и дискотеки, без ноќен живот и луди дружби, без кафани и собиранки до раните утрински часови?

До сега да речеме добро поминавме, со оглед на тоа што полека сите ги прифатија мерките и во глобала сите ги почитуваат, помалку или повеќе. Но до кога тие ќе трааат и дали некогаш ќе се измени оваа состојба на социјално меѓучовечко дистанцирање, тоа останува допрва да видиме.

Во меѓувреме останува да се сеќаваме на старите добри времиња, забавите, полните игротеки со растрчани дечиња, детските родендени каде 20 деца стојат позади вашето дете и помагаат да ги дувне свеќичките … Еххх.

Но, да не губиме надеж и да се надеваме дека што побрзо ова лудило ќе заврши, дека ќе ни се смилуваат и ќе не пуштат повторно да живееме еден нормален живот како порано.

Со надеж за подобро утре …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0