Дали сме заробеници во сопствената држава?

Демократија – „Владеење на народот“. Што и тоа да значи, нашава ситуација е малку обратна. Во Македонија не владее народот, туку политичарите, владата, моќниците (читај криминалците).

Па чекајте малце, нели НИЕ сме тие кои ги бираме политичарите. Тие се избрани од народот. Толку ли имаме осет за криминалци! Се што ставиме на пиедестал испаѓа е најголемото дно, измама, љубител на паричка повеќе во својот џеб. Толку ли нема помеѓу нас чесни, искрени, достоинствени луѓе кои ќе си стојат на зборот?

Народот е психички спречен да се спротивстави на својата држава! Тој не може ниту да помисли на граѓанска непослушност, бидејќи во тој случај може да биде доведено во прашање неговиот опстанок,  односно нормален тек на живот.

Да тргнеме од воздухот. Бидејќи живееме во гасна комора, ќе речете дека народот треба да се крене на нозе и да дигне рачна кочница на државата. Додека не се реши проблемот и не се добие чист воздух, треба да не се оди на работа, децата да не одат во градинка, школо, факултет, да се излезе на улица и СЀ ВО ДРЖАВАТА ДА ЗАПРЕ! Звучи едноставно, но едноставно неизводливо. Народот е до „гуша“ во долгови и кредити, што значи дека доколку отсуствува од работа, неговото работно место би било загрозено, односно можноста за отпуштање, немање приходи, неисплаќање на рати, извршители … знаете каде продолжува приказната.

Второ, вработените во државната администрација („нешто“ повеќе од 100.000) секако нема да излезат на протест. Го знаете правилото за 3 дена така? Те нема, те нема па стварно на работа ќе те снема! Отказно решение на лице место, и така листата на чекање е долга еден километар, така да веднаш некој плакато-лепач ќе седне на твоето место. И они се одма чкртнати од листата.

За да сопре државата, треба тоа да се изведе во тек на работно време, а не вон тоа време или за време на викенд.

Што ни преостанува? Остануваат децата. Тие се нашата иднина.

Нивната иднина е во прашање.

Дали тие се нашето скриено оружје? Ќе речете до таму ли стигнавме, да ги користиме нашите деца за вакви цели? Да, до таму сме стигнати. До дното! Ако не можеме за нас да се сплотиме, дајте барем да ги заштитиме нашите деца! Ние ќе идеме на работа како заморчиња, ама затоа СИТЕ ДЕЦА ЌЕ ОСТАНАТ ДОМА! Па да видиме дали надлежните ќе не слушнат! Нека запре работата на сите воспитно-образовни институции низ целата држава! 

Ако ние сме заробеници на оваа држава, дајте барем нашите поколенија да ги ослободиме од оваа чума која не надвиснала, не барајќи го излезот надвор од Македонија, туку тука, бидејќи само ние знаеме колкава е убавината на нашата земја и што сѐ може да понуди и даде на својот народ.

Дали се сложувате со тоа? Ако не, кој е вашиот предлог?

Проблемот постои, дајте предлог решенија!

Со УМ, до РАЗУМ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0