11 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Ден на НУЛА дискриминација

Денес е 1ви Март, понеделник, нов ден, нов месец, нов почеток. Денешниот ден е интернационален ден на нула дискриминација. На овој ден UNAIDS ja истакнува итната потреба за превземање активности за ставање крај на нееднаквостите околу приходите, полот, возраста, здравствениот статус, занимањето, попреченоста, сексуалната ориентација, употребата на дрога, родовиот идентитет, расата, класата, етничката припадност и религијата кои продолжуваат да опстојуваат низ целиот свет.

 

 

Секој има право на сигурност. Сепак, 1 од 3 жени искусиле физичко или сексуално насилство, повеќето од својот партнер.

 

 

 

Секој има право на надоместок за работа. Сепак, на глобално ниво, жените извршуваат три четвртини на неплатена работа во домот.

 

 

 

 

Секој има право на здравство. Сепак, 9 од 10 луѓе од сиромашните нации ќе ја пропуштат КОВИД-19 вакцината оваа година.

 

 

Да бидеме хумани, толерантни, да не дискриминираме по  ниту една основа, да  бидеме луѓе пред сè. Сите ние сме родени различни и како такви треба да се прифатиме меѓусебе за наше и сечие добро. Секој од нас треба да тргне од самиот себе, да биде пример за своите најблиски и околината. Само така можеме да дадеме сопствен придонес во спречување и искоренување на дискриминацијата по секој основ.

За нула дискриминација. Сите сме луѓе.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0