Детето со грашокот – ЛЕГЕНДА или производ на едно труло општество?

Во текот на вчерашниот ден едно видео го преплави целиот интернет, кое буквално преку ноќ стана вирално, и нема кој го нема погледнато Петар – малиот извидник кој едноставно не сака грашок. Кој го нема погледнато, тогаш нека се спреми за дневна доза ведрина и позитивно расположение, бидејќи детето и неговата „брутална“ искреност ќе предизвикаат една убава насмевка на вашето лице.

Е сега, ден потоа секако е време за полемики, анализи и разни коментари кои видно се поделија на добри и лоши. За почеток ќе го издвоиме коментарот на Сашо Тасевски, на кој му се „кренале“ цревата од самата изјава.

Неколку работи треба да ни се јасни, и тоа:

Секое дете е приказна само за себе. Општеството во кое живееме, технологијата која ни е на дофат, брзината на животот кој прелетува покрај нас е само дел работите кои го оформуваат нашето секојдневие и се вкоренуваат во наредните генерации.

Секој родител го сака најдоброто за своето дете. Затоа и ова дете е пратено „против“ своја волја, кое може ако останело дома ќе седело пред телевизор или пред мобилен, нели.

Секое дете не е јадач. Родителите на деца „нејадачи“ многу добро ќе го разберат ова. Едноставно детето не јаде се што ќе му се даде, и мора да се наоѓаат споредни опции за на крајот да не остане гладно. Детето си сака месо, и тоа е тоа, што има тоа вас да ви пречи?

На крајот на краиштата тоа е само дете. Искрено си кажа што му лежи на душа, и сепак се искачи онаму каде што треба иако не е љубител многу на планинарење.

За сите вие што го осудувате ова дете и неговата изјава, само едно нешто ќе порачаме, да го снимаат вашето дете на било која тема каде сигурно самото ќе си ја разголи душата и сами да слушнете што тоа ќе има да ви каже, а после вие пресудете дали тоа ќе ви се допадне и дали ќе осудувате како тоа што го правите сега.

Секогаш, ама секогаш погледнете се прво себеси и тие што се покрај вас, па после осудувајте.

Да шириме позитива заедно …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0