Домашен СЕНФ против несоница

Знаеш дека е 100% вкусно и пред се здраво кога сам ќе си го приготвиш. Ви претставуваме едноставен и брз рецепт за домашен сенф кој поради своите состојки е вистински лек против несоница! 

Потребните состојки се:

  • 200 гр непечен лупен сончоглед
  • 100 мл сок од лимон
  • 1 кафена лажичка хималајска сол
  • 100 мл вода
  • 1 кафена лажичка  мелено семе од синап
  • 1 супена лажица куркума

Сите состојки измиксајте ги заедно во блендер околу 2 минути. Послужете веднаш или складирајте во тегличка за понатамошна употреба.

Дали знаете дека …

Семето од синап е главна состојка за производство на сенф. Со потекло од Индија, ова семе содржи голема концентрација на липиди, јагленохидрати и протеини. Од минерални материи најприсутен е фосфорот, а потоа и калиум и калциум, додека од витамини најдоминантни се витаминот А, рибофлавин, тијамин и ниацин. Тој е исто така одличен извор на омега 3 масни киселини.

 

Семето од синап е делотворно за несоницаревматизам како и за дијабетесМало но моќно!

Здравјето пред се. 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0