Естрадните уметници се душата на Македонија!

Мелосот, песната, нотите, инструментите, свирачите, музичарите, пејачите се оние кои ни ја греат душата, ги разигруваат нашите срца и даваат радост и спокој во убави и помалку убави времиња во кои сме заглавени моментално. Тие ја создаваат музичката историја во Македонија преку нивните песни евергрини кои се пееле и ќе се пеат и генерации понатаму. Ние сме им пред се благодарни за сите убави моменти кои сме ги минале збогатени со нивниот глас и музика, како и доброто расположение кои го ствараат насекаде околу нив.

Оваа фела, како и многу останати, се погодени од вирусот и сите последици кои тој ги носи со себе. Неприфатливо е „странските“ пејачи да бидат ангажирани и притоа дебело платени и тоа со комплетно непочитување на препишаните мерки, додека нашите музичари седат дома и чекаат ситуацијата да стивне или евентуално да се создадат некакви протоколи за да можат барем некако да ја вршат својата професија, која не може било кој да ја работи, бидејќи музиката, гласот и песната се дарба од Бога, која тие ја споделуваат со сите нас и ни го оплеменуваат животот.

Да бидеме луѓе и да покажеме емпатија спрема овој важен дел од нашата земја. Тие исто како и нас имаат фамилии и се борат да обезбедат егзистенција за себеси и своите блиски. Навистина несоодветни, недоветни и крајно некултурни се коментарите од типот на: „Дојди, имам нива и алати за орање и копање. Фатете се за работа ако сакате пари!“ Тие имаат професија која долги години ја работат, ја сакаат, вложиле во неа и пари и срце и време, така што не се тие криви што се нашле во оваа ситуација, а истите зависат токму од настапи, собири и прослави кои едноставно бараат да се одобрат со соодветни мерки и протоколи кои се подготвени да ги прифатат и применат.

Поддршка за естрадните уметници и сите припадници на музичката фела! Со вас сме Македонци! Вие сте ритамот на срцето на Македонија. Да дозволиме да продолжи да живее во тактот на музиката, убавата мелодија, фолклорот кој историја пишува. За вас. За нас. За Македонија.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0