Фејсбук не е брачно советувалиште!

Деновиве во медиумите одекна веста за разделбата на брачниот пар Орданоски, откако „посилниот пол“, поранешен директор на МЕПСО, одлучи јавно да ја нападне неговата сеуште сопруга и мајка на две малолетни деца, нарекувајќи ја фотошоп барбика и воедно жена која била со него само поради парите и можноста да си ги исполни сите материјални „мегаломански“ животни потреби.

Господине Орданоски, еднаш засекогаш разберете дека проблемите од приватниот живот се решаваат во 4 очи, помеѓу 4 ѕида, како вистински маж, сопруг и татко пред се, а не пред очите на јавноста, каде буквално го простирате вашиот прљав веш за кого на никого не му е гајле, освен на малограѓанските душебрижници кои едвај чекаат некоја ваква работа да одекне па да можат сопствените фрустрации да ги исфрлат што на вас, што на вашата сопруга!

Што очекувавте дека ќе се случи кога го истуривте вашиот гнев на фејсбук? Дали се надевавте на јавен линч и осуда на вашата сопруга или тапкање на вашето раме и желби за подобро утре?

Зарем заборавивте дека имате две малолетни ќерки кои и утре и секој нареден ден ќе ја имаат истата мајка како и до сега? А што со нивните пријатели и соученици, критиките, префрлањата и осмевањата кои ќе ги добиваат поради вашиот испад?

Признајте дека избрзавте и направивте голема грешка што решивте на ваков начин да ја омаловажите мајката на вашите деца! Бидете маж до крај и извинете се, а не да ја продолжувате приказната за драмата низ која минувате. 

Правни совети не се бараат на Фејсбук! Бидете маж и во име на вашите деца запрете ја оваа јавна сага. За вас, и за доброто на вашите прекрасни ќерки. Размислете за тоа што го правите.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0