Генијална идеја како да го надминеме КОРОНА вирусот!

Некој решил да не затвори дома, да не изолира, да го сопре светот, но во исто време и да ја намали популацијата на планетата Земја, да ги сопре сите активности, капацитети, индустрии, фабрики, и како шлаг на тортата да направи задолжување на државите кои по завршување на кризата ќе бараат мерки за пребродување на економската криза како последица на мерките кои сега ги превземаат за пребродување на корона кризата!

Позадина постои, бидете сигурни во тоа, сакале верувале во теорија на заговор или не. После извесен период откако се ова ќе пројде ќе видиме зошто тоа било створено и за која цел. Засега можеме само да мудруваме и непрестано да читаме ама вистината никој од нас не ја знае.

Македонија се справува со кризата како знае и умее, спретно или неспретно, следејќи туѓи чекори и стратегии, превземајќи веќе проверени тактики од државите на кои се „угледува“. Гледајќи од овој аспект плата ќе земаат (барем засега) буџетарите, односно сите оние кои земаат плата од државниот буџет, од јавната администрација, образованието, здравство, армија, полиција, глумците, комисиите, агенциите, вклучувајќи ги секако и пензионерите.

Приватниот сектор е тој што е на мета, а од него директно зависи државната каса. Отпуштањата се масовни! Скоро во секоја фамилија има веќе еден кој не работи, а на другиот му се заканува отпуштање од работа во наредните месец, два. Државата се задолжува за да може да се преброди кризата со што скоро на секоја фамилија ќе биде понудена минимална плата. И тоа ќе се издржи, не е никаков проблем.

Кој е вистинскиот проблем? Никој не е безбеден! Оној мал дел кој иде на работа, во смени, со автобуси, е изложен на вирусот. Барем еден член од фамилијата оди минимум еднаш во неделата да испазари се што е потребно за јадење во текот на неделата. Сведоци сме дека луѓето прават гужви и редици особено пред банките, и тоа оние кои треба да се во строг карантин.

Целата економија е закочена и почнува забрзано да тоне,

а СИТЕ ние сме изложени на вирусот, ДИРЕКТНО или ИНДИРЕКТНО!

Време е Македонија да отстапи чекор напред пред сите и да биде земја без преседан, земја за пример за справување со оваа ситуација. Или сите ќе се вратат на работа или НИКОЈ НЕМА ДА РАБОТИ! Трето нема! Не е време за играње пола-пола! Тоа секако е најлоша варијанта, а моментално на таа карта играме.

Едната опција е – Сите граѓани да се спремат и опремат за целосен КАРАНТИН од 21 ден, 3 недели строга домашна изолација, затворено да биде се, од аптеки, до продавници, банки, дистрибуција – СЕ ДА БИДЕ ЗАТВОРЕНО! На овој начин ќе се изолираат сите потенцијални случаи, и ќе испливаат на површина. Ќе се надмине, ќе помине, болните ќе се излечат а здравите нема да се заразат! Конечно ќе се стави крај на вирусот и ќе се вратиме во нормала.

Втората опција, која според нас е благо речено генијална, е – Целата ранлива група на граѓани, влучувајќи ги постарите луѓе над 65 години, хронично болните, и трудниците да се стават во карантин (доколку некој не сака да биде ставен во карантин, би значело дека по своја волја останува да биде изложен на вирусот, иако реално и сега се изложени). Сите хотели, мотели, спа центри, бањи за постарите и останати капацитети кои и во моментов се наменети за карантин, да се обезбедат за нивен престој додека трае кризата. Сите останати, млади, работоспособни, вработени во СИТЕ сектори да се вратат на своите работни места и се да почне да функционира како порано. Вирусот и така повеќе од 70% од популацијата ќе го прележи, но вака барем и ќе функционира државата и ќе се надмине кризата, а ризичната група граѓани ќе биде на „принуден“ одмор.

Сите прогнозираат кога ќе заврши оваа криза, но дали вистина знаеме кога ќе заврши? Кризата ќе заврши кога некој од „горе“ ќе каже да заврши! Случаи има и ќе има, и откако се ќе се врати во нормала, но тогаш нема да им се придава толкава важност и внимание. Кога ќе престане медиумската хајка, безрезервното ширење на паника и страв меѓу народот, ќе сопре и лудилото кое навлегло во секој од нас. Така да не очекувајте преку ноќ ова да сопре, бидејќи нема.

Време е да застанеме цврсто на нозе и да се спротивставиме на овој „невидлив“ непријател на македонски начин. Сложено, со цврст став, без страв и сомнеж. Време е да продолжиме со нашите животи, наместо да ги ставиме на стенд-бај. Само така ќе ја пребродиме оваа криза и ќе ја стопираме наредната криза која допрва доаѓа.

Ајде Македонијо. Заедно можеме.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0