15 октомври 2024
Деца и РодителиПоследно

Градинките ОТВАРААТ но НЀ за сите деца!

Мислењето помеѓу родителите за можното отварање на градинките и условите според кои децата ќе бидат примени, односно згрижени, е поделено. Секако нема некоја златна средина, туку или се ЗА комплетно отварање или воопшто да не се отворат.

Градинките сакале или не МОРА ДА ОТВОРАТ. Ситуацијата и епидемијата сигурно нема да стивнат. Напротив, следува период кога вирусите и бактериите ќе владеат. Повторно ќе бидеме соочени со преполнување на болничките установи и повторно ќе се соочиме со преполовување на бројките во градинките и во школите. Тоа е реалноста и со неа мораме да живееме.

Дали се сеќавате на минатата есен и ескалирањето на ситуацијата зимото 2019? Ако добро се сеќавате родителите молеа за карантин и затворање на воспитните и образовните установи! Ниту некој нешто затвори, ниту пак карантинот се случи, се додека не се појави мистериозниот КОВИД-19!

Реалноста е дека ние не бевме подготвени за справување со сезонските вируси и грипови лани, а камоли ќе бидеме годинава. И дали решение е да не се пуштаат децата во градинка доколку двајцата родители не работат? НЕ, НЕ и НЕ! Разберете дека некои родители работат и од дома. Да, и тоа 8 часа непрестано, каде имаат потреба од мир, тишина и соодветна работна атмосфера, бидејќи тоа за нив е работно место.

Потребни се протоколи и мерки за ситуацијата да биде под контрола периодот кој следува. Нашите предлози се следни:

                  1. ПОТВРДА ЗА ЗДРАВО ДЕТЕ во секоја градинка, при почнување со градинката и после секое разболување да се води евиденција детето да не стапне во градинката минимум 2 недели, а после тоа со ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПОТВРДА дека е здраво да се прими назад. Со тоа се спречува ширење на сите болести и зарази меѓи дечињата, кои секако ќе имаат меѓусебен контакт. Ова е прво и основно.

  2. Во секоја градинка ДА СЕ ВРАБОТИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПЕРСОНАЛ кој ќе биде задолжен САМО ЗА ХИГИЕНАТА И ЧИСТОТАТА во градинката. Ќе пребришуваат, премиваат, чистат, мијат раце, дезинфицираат итн итн по сите протоколи и процедури. Ова значи хигиената ќе се дигне на повисоко ниво со што самата дружба на децата ќе биде побезбедна, и секако ќе подразбира ВРАБОТУВАЊЕ на луѓе кои поради ситуацијата останаа без работа и без средства за живот, кои со чесна работа ќе дојдат до приходи. Две муви со еден замав. Ем хигиена за децата, ем вработување за некого.

Имајте во предвид дека истите тие деца кои ќе одат во градинка, во попладневните и вечерните часови ќе се дружат со децата кои не одат во градинка. Која е тука разликата? Кој од кого штити тука, разлика нема, бидејќи секако на чело не им пишува дека посетуваат градинка, нели!

Градинката не е само место за згрижување на децата, тоа е место и за ЕДУКАЦИЈА, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА и КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ на секое дете. Дозволете секој родител да одлучува за своето. Оние кои ќе сакаат да продолжат да ги чуваат во домашни услови своите деца, слободно нека продолжат, а останатите нека ги продолжат своите идни денови во градинките. Не им го одземајте тоа право. Ако овие 2 предлога се остварени, тогаш контролата на вирусите е навистина можна и ќе биде ставена на повисоко ниво. Размислете добро.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0