Јуниорските ‘Зелени Сили’ во музички поход во Европа!

Во младината е иднината! Ние оставаме, тие продолжуваат понатаму. Што и како ќе им оставиме, од нас зависи, а како тие ќе продолжат богами и тоа од нас зависи, како ќе ги подучиме и насочиме на патот кој треба да го чекорат самите. Борбата за здрав живот и чист воздух, како и секојдневната битка за живот во чиста и зелена околина е во полн ек. Младите го осеќаат тоа и знаат дека мора да се борат и никогаш да не запрат во нивните намери.

Зелените сили или Green Forces, се нашите овогодинешни претставници на Јуниорската Евровизија која ќе се одржи на 19 Декември во Париз, а на која нашите млади „борци“ ќе ги бранат боите на нашата татковина Македонија и ќе го кренат својот глас за спас на планетата Земја, единствениот дом кој го имаме и кој мора заедно да го заштитиме.

Доколку сеуште не сте ја слушнале нивната моќна песна, сега е вистинскиот момент. Уживајте …

https://youtu.be/OAiptSTIuWU

Само напред иднино наша!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0