Казни за сите кои го објавија списокот на починати од автобуската несреќа во медиумите!

Безброј теории и мислења, повеќе нестручни и инсинуирачки отколку стручни и проверени, ги преплавија медиумите последниве три дена, кои воедно беа прогласени за денови на жалост, за автобуската несреќа која ја обои државата во црно, во која животот го загубија македонски државјани враќајќи се од Истанбул кон Македонија.

Уште на почетокот на истрагата се појави „црната листа“ односно список на луѓе кои го загубиле својот живот во несреќата. Со име и презиме, како и година на раѓање, овој список вртоглаво брзо го преплави интернетот, со пораки кои искажуваа жалост и сочувство до семејствата на прерано заминатите.

Сите вие кои го објавивте овој список, веруваме со искрена намера, но дали воопшто помисливте на луѓето кои може да ги прочитаат тие имиња и шокот кој може да настане од самата таа информација која ја добиваат од вас? Второ, дали видовте колкава е бројката на лица која ја објавувате, а на која стои „Бог да ги прости“, со свеќи и во црно обоена? Листата брои 51 лице! Тоа значи дека во таа листа се и оние кои ја преживеаја оваа ужасна несреќа. Еве сега по новите информации излезе дека еден од нив не бил воопшто во автобусот, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Медиумите ви ги сервираат секогаш најновите информации, но за вакви работи навистина ги преминуваат сите граници и треба да постојат казни со кои треба да се соочат, било кривични или парични, за барем еднаш во животот да им дојде памет дека НЕ СМЕАТ да објавуваат такви непроверени, уште полошо ПОГРЕШНИ информации, особено за вакви настани каде станува збор за изгубени човечки животи.

А вие нареден пат, внимавајте што споделувате. Во ред е да го изразите вашето искрено сочувство и да пренесете енергија до сите оние кои изгубиле близок, но без превземање на разни списоци, имиња и останати информации кои на крајот може да се неточни. Ова се сепак информации од сензитивен карактер кои треба да останат во рацете на соодветните надлежни институции се до самиот крај, додека не се разјасни комплетно ситуацијата.

Крајно време е да се воведат санкции за ваквите споделувања во медиумите, за да се избегнат вакви непријатни ситуации на кои местото во вакви моменти не им е за во јавност.

Медиумска писменост пред сè. 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0