Кога е најдобро време во денот за внес на овие производи

Ние сме она што јадеме. Храната влијае на нашето расположение, енергијата, и пред се на нашето здравје. Сепак истражувањата покажуваат дека конзумирањето храна во одреден период од денот може да има позитивен но и негативен ефект. Некои производи ни даваат одлична доза на енергија наутро, додека останати се покажале покорисни доколку се внесуваат навечер бидејќи помагаат полесно да заспиете.

Ова се некои од препораките:

  • БАНАНА

Бaнаните обезбедуваат Б витамини кои помагаат во производство на серотонин кој може да помогне во регулирање на спиењето. Серотонинот е еден од главните невротрансмитери кои се вклучени во регулација на спиењето/будењето.

Значи нaвечер, една банана и шолја топло млеко може да помогнат добро да се наспиете.

 

  • ПОРТОКАЛИ И ЈАБОЛКИ

 

Овие овоштија се прилично кисели, а вие секако не би сакале да идете во кревет со тежок стомак, така што најдобро е да се конзумираат наутро или како ужина во текот на денот. 

 

  • МЕСО

Најдобар период во текот на денот за конзумирање на месо е за време на појадок или за време на ручек, бидејќи тоа секако ќе помогне да го регулирате вашиот апетит, односно ќе придонесе да останете сити подолго време.

  • МЛЕКО и ЈОГУРТ

Јогуртот е одличен снабдувач на организмот на протеини и калциум. Додека грицкањето доцна во ноќта не е најдобратата идеја, јогуртот е одлична и поздрава алтернатива од бисквитите доколку чувствувате глад во текот на ноќта.

Млекото е најдобро да се пие помеѓу оброците или најдобро е да се внесува топло навечер пред спиење.

 

 

  • ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

 

Ако сакате да добиете максимална корист од јаткастите плодови, тогаш нутриционистите советуваат да се конзумираат наутро. Внесот на овие плодови за време на појадокот може да ви помогне да се ослободите од заморот и непречено да го регулирате крвниот притисок во вашето тело. Експертите сугерираат дека овие плодови, како и сушеното овошје  се едни од најздравите опции за ужинка кои треба секојдневно да бидат дел од вашето мени.

 

 

 

  • ЧОКОЛАДО

Доколку јадете чоколадо наутро, тоа ќе го обезбеди вашето тело со потребните антиоксиданти со што ќе го успорите процесот на стареење и истото е добро за вашето срце. Но доколку го конзумирате ова слатко задоволство навечер или внесувате повеќе од 25 грама темно чоколадо дневно, тогаш вашето тело ќе го претвори вишокот во несакани масни наслаги.

 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0