Кога природата си го зема своето

Природата има свој начин да си го присвои тоа што и припаѓа и со тоа да ни укаже дека ние сме само привремени минувачи на земјата. Совршен пример за тоа е островот Goqui кој се наоѓа во Шенгси, архипелаг составен од 400 острови кај устието на реката Јангце (или Јангцекјанг, 3та река по должина во светот) во Кина.

Станува збор за напуштено рибарско село, каде сите рибари си заминале на копното, за природата потоа да си ги земе работите во свои раце.

Само 18 острови на Шенгси се населиви. Најголемиот од нив, островот Сиџао, е оддалечен од Шангај околу 5 часа возење со траект. Областа е одлична за риболов и привлекува повеќе од 100,000 рибари секоја зима. Станува збор за „нежна“ зима, бидејќи ова е суптропска климатска област чија просечна дневна температура изнесува околу 15.8 °C. Тоа и објаснува зошто зеленилото е толку густо и богато.

Ете тоа и е потребно на природата, да одмори малце од луѓето, за да може колку толку да се репарира и врати во нормала. Затоа е крајно време да застанеме и да се запрашаме како ние, како гости на оваа планета, можеме да и помогнеме, а не да и одмагаме и само да црпиме и да ја користиме како бунар без дно.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0