Кој ќе одговара за пропустот со пасошите?

Пропусти се случувале и ќе се случуваат, но во една држава да ти снема материјал за издавање на патна исправа, е тоа не се случило. Македонија е пример за преседан во светот. Нашата парола треба да гласи: Македонија и сѐ е можно!

Одлуката која сега е донесена е дека само одредена група на граѓани (и тоа само 4000 од нив) ќе може по редовна постапка да добијат пасош, а останатите ќе мора трпеливо да си причекаат до крајот на март. Официјалното известување е дека имало пропуст во нарачка на обрасци за издавање патни исправи! Па ако тоа ти се случи во обична фирма има не само да бидеш избркан од работа за таков „пропуст“, туку може и кривично да одговараш или да сносиш одредени парични последици бидејќи ја кочиш работата на фирмата.

Прашањето е:

Дали проблемот е НАМЕРНО создаден и ако е зошто е тоа така,

или е НЕНАМЕРНО креиран поради човечка грешка? 

Ако е намерно создаден, која е позадината на стопирање на заминувањето на луѓето надвор од земјата? Кого тие сакаат да задржат тука? Гласачи? Луѓе кои тргнале да ја бараат среќата надвор од земјата? Или едноставно прават опструкција на Германија … они нас ќе ни крадат кадар, е нема така лесно! Ќе беше смешно да не беше трагично!

Но да бидеме оптимисти и да кажеме дека е ненамерна грешка (иако тоа е непоимливо). Кој е одговорен за оваа новонастаната ситуација? Кој е кривецот? Нема тука префрлање на топка, овој бил крив, оној бил крив. Точно во една држава се знае кога и колку материјали се набавуваат, со рок, со бројка, со потпис и печат на одговорно лице конкретно задолжено за таа процедура!

Како ќе патува тој на кој работата му зависи од патната исправа? Како ќе патува тој што сака да замине на одмор за кој уплатил и издвоил средства од својот и така мал паричник?

1000 како, 1000 ете така!

Кој ќе ги обештети овие граѓани? Грешката е направена. Ние едноставно бараме одговорниот да биде казнет! Ништо помалку и ништо повеќе од тоа. Велите правна држава, ајде сега на дело да ве видиме!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0