Колку ВОДА дневно е доволно?

Есенцијален извор на убавина, младост, виталност, со еден збор – ВОДА! Но колкава количина треба да конзумираме во текот на денот? Дали оптималните 2 литри се доволни или има друга формула за пресметување? 

Во просек дневно човековиот организам губи 2 литри вода, од кои најмногу преку урина и пот. На телото му се потребни вода и други течности како правилно би функционирале и би избегнале дехидратација. Повеќето производи, особено овошјето и зеленчукот, во својот состав содржат вода. Меѓу нив би ги споменале: Краставица – 96.7% ; Марула – 95.6% ; Целер – 95.4% ; Ротквица – 95.3% ; Домат – 94.5% ; Зелена пиперка – 93.9% ; Карфиол – 92.1% ; Лубеница – 91.5% ; Спанаќ – 91.4% ; Јагоди – 91% ; Брокула – 90.7% ; Грејпфрут – 90.5% итн.

Пресметувањето е на следниот начин:

Тежина во килограми Вода во литри
50 2
60 2.5
70 3
80 3.5
90 4

Доколку сакате попрактичен начин на пресметување, тогаш следете го следното правило:

           25 килограми = 1 литар ВОДА

Било кој начин да го изберете за пресметка нема да погрешите. Во меѓувреме пробајте барем дел од газираните пијалоци да ги замените со вода. Се што е обоено е преработено и не е природно. Водата доаѓа од природата, а ние сме нејзини чеда. Затоа и нашата врска е нераскинлива.

Не заборавајте: Телото е составено од 50-65% вода! Пола човек – пола вода! 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0