Корисни својства на МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е минерал кој е вклучен во повеќе од 300 реакции во организмот. Тој е важен за сите органи, а особено за работата на срцето, мускулите, бубрезите, забите и секако коските.
Особите кои имаат проблеми со грчеви во мускулите или забрзано биење на срцето, најчесто патат од недостаток на магнезиум, тврдат стручњаците. Причини за тоа може да се преголемата конзумација на алкохол, кафе, никотин, масни и калорични јадења, како и внес на премногу шеќери. Сето тоа може да ја спречи апсорпцијата на магнезиумот од храната. Помеѓу минералите, тој е на второ место по важност за здравјето на човекот, после калциумот секако.
Како супергориво, магнезиумот го поттикнува нашиот метаболизам и управува со мускулите и нервите. Нашето тело содржи 25 до 30 грама магнезиум, од кои две третини се наоѓаат во коските, помалку од третина во срцето, црниот дроб (јетрата) и мускулите, додека остатокот е во телесните течности.
Неговиот недостаток може да доведе до неправилна работа на срцето, грчење на мускулите, костите стануваат помеки, додека клетките губат енергија. До недостаток на магнезиум може да дојде и поради претерано потење. Последици можат да бидат мускулни грчеви кои во случај на срцевиот мускул може да имаат и смртни последици. Недостатокот на магнезиум може да се спречи со употреба на лековити препарати како и преку конзумирање на производи кои се богати со овој минерал, како што се морков, карфиол, леб од житарици од цело зрно, млеко, зелена салата, спанаќ, кисела зелка, бадеми, кикирики, ореви итн ..
При процесот на готвење на зеленчукот, во водата се губат големи количини на овој важен минерал, додека со нивно замрзнување се губат скоро 40%. Исто така, на особите на кои им недостасува магнезиум, се препорачува да пијат минерална вода која истиот го содржи, за по секоја спортска активност, особено доколку е напорна, би се напиле од 500 до 750 мл. За уживателите на алкохолот пак, после негово конзумирање, особено во вечерните часови, пред спиење би требало да се напијат минерална вода со магнезиум.
Здравјето пред сѐ!