Љубовта треба да грее, НЀ ДА БОЛИ! СТОП за насилство врз жените!

Денес е 25 Ноември, Меѓународен ден за борба против насилство врз жените. Имено, на овој датум 1960 година, сестрите Мирабал од Доминиканската Република беа убиени од послушниците на диктаторот Рафаел Трухило. Сестрите, кои биле активни во движењата против режимот на Трухило, биле претепани и задавени до смрт, а потоа сместени во џип што бил турнат од планински пат со цел нивната смрт да изгледа случајна. Во декември 1999 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 25 Ноември за Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. Датумот го означува почетокот на 16 дена сеќавање и активизам, што кулминира со Меѓународниот ден на човековите права.

Според извештајот на Обединетите нации, 19 отсто од жените на возраст меѓу 15 и 49 години доживеале физичко и/или сексуално насилство „од интимен партнер“. Во некои случаи, ова насилство завршува со смрт на жените.

Денес сме обоени во портокалово. Денес кажуваме СТОП на насилството! Денес се обраќаме до целиот женски свет кој свесно или несвесно минува низ ваква тортура. Драги наши, едно нешто треба да ви стане јасно, а тоа е дека БОЛКАТА НЕ Е ЉУБОВ! Вашето страдање не е љубов! Тоа е сосема спротивно од љубов. Тоа е жртва. ВИЕ СТЕ ЖРТВА на нечие болно однесување. Зарем не заслужувате среќа? Зарем не заслужувате топлина и искрена прегратка? Тоа е отров кој го примате од другата страна. Тој лик кој се осудил физички да ве нападне е толку полн со гнев и омраза кон самиот себеси, што не знаејќи како да го исфрли тоа од себе, тој го исфрла врз вас!

Не ја барајте грешката во вас, бидејќи таа лежи во него. Немојте да бидете тој сунѓер кој ги впива тие токсични испади под својата кожа. Без разлика дали ви е партнер или брачен другар, без оглед дали имате минато со него или имате дечиња заедно, таквото однесување е непростливо! И НЕ, таквиот човек НЕ СЕ МЕНУВА! Штом еднаш дигнал рака на вас, тој ќе го направи тоа повторно, бидете сигурни во тоа!

Сакајте се себеси. Сакајте го животот кој би е подарен од Бога. Имате само ЕДЕН, во кој нема место за такви луѓе. Исчистете ги тие отрови од вашиот живот, од вашето срце, од вашето секојдневие. Кажете СТОП на насилството и не заборавајте дека ВИЕ СТЕ ЖЕНА пред се, а не постои поголема МОЌ на светот од таа која лежи во женскиот ум, срце и битие. Жената е олицетворение на ФЕНИКС. Издигнете се од пепелта. Затоа што можете. Затоа што сте ЖЕНА!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0