Македонија на Македонците. ПОПИШИ СЕ!
Пописот започна. Конечно собраните попишувачи тргнаа од врата до врата за да го попишат македонското население, за да се преброиме колку не има.
Ајде сега за момент да се потсетиме на референдумот за името, што одредени ликови пропагираа и како го заведоа народот во погрешна насока. Тие повикуваа да не се излезе на референдум и дека на тој начин истиот нема да помине и Македонија нема да го промени името. А што се случи? Сосема спротивното! Од излезеност околу 36% од населението, од кои над 90% беа ЗА, а само 5% ПРОТИВ, ОДЛУКАТА која можевме НИЕ како народ да ја донесеме ако сложно излезевме и кажевме отворено НÈ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО, место нас ја донесоа 120те пратеници кои направија што направија. Факт: Бевме измамени! Бојкотот не беше вистинското решение! Ете памет за друг пат.
На ред е пописот. Повторно одредени ликови повикуваат на бојкот, односно бараат од населението поради наводен „фалсификат“ да не се отвара врата, односно да не се попишеме. Но што може да се случи ако не се попишеме? Колкав ќе биде процентот на Македонци во однос на другиот етникум во нашата држава? Ќе се промени ли демографијата на земјата ако другите покажат поголем процент на овој попис?
Бидете разумни и дајте да се преброиме колку сме. Да не си копаме сами на себеси дупка! Да не си нанесуваме самите зло. Истите прашања кои ги поставивме до г-динот Апасиев, повторно му ги поставуваме. Истите можете да ги прочитате тука. За промена размислувајте со своја глава!
Биди Македонец и ПОПИШИ СЕ! За Македонија се работи!
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!