На Србите полека им доаѓа паметот, а нас кога?

Река од граѓани ги преплавија улиците низ Србија во знак на протест на планираното копање на литиум од страна на рударската компанија „Рио Тинто“, која вложи 2,4 милијарди долари за овој проект во Србија, што би можело да ја направи една од најголемите светски производители на литиум во услови на зголемена побарувачка за електрични автомобили. Илјадници и илјадници луѓе ги блокираа главните патишта, автопати и мостови кои го спојуваат Белград со неговите предградија, но истиот беше поддржан со протести и во други делови од Србија.

Голем број експерти предупредија дека природата во западна Србија ќе настрада во случај на експлоатација на литиум во областа која е богата со плодна земја и земјоделство. Србија, исто така, се соочува со огромни проблеми со загадувањето предизвикани од централите на јаглен управувани од кинески компании.

Затоа сите се надвор. Затоа СИТЕ СЕ НА ПРОТЕСТ, за да ја сочуваат околината, земјиштето, реките и плодните површини кои се познати на Балканот, бидејќи не постојат пари кои можат да го надокнадат здравјето на луѓето!

Ајде да учиме од Србите! Дајте да се сплотиме како народ против сите неправди кои ни се случуваат. Дајте да го кренеме нашиот глас, бидејќи за нашиот живот се работи и за животот на идните поколенија. Сите го мислиме и посакуваме истото, но поради пуста политичка спрега не можеме да се сплотиме. Ако нас не ни е гајле за нашето здравје, од кого очекуваме да се грижи за нас?

СТОП за загадувањето!

СТОП за небулозни, нелогични, смешни-за-плачење мерки против Ковид-19!

СТОП за носење маски во училиштата!

Многу СТОП-ови би се вбројале тука, но ние би рекле најголем СТОП за овие политиканти – циркузанти кои ја распродадоа душата на оваа земја за пусти пари! 

Промена од корен. ДА за отстранување на плевелот, ама мора да разбереме едно, а тоа е дека во СЛОГАТА е решението! Еден за сите, сите за еден!

Напред соседи! Да се изборите за вашите права! А ние да се надеваме дека нешто и ќе поднаучиме од вас …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0