НИКОГАШ не се откажувајте од вашите соништа!

РУТИНА. Работа, дома, фамилија, легни си. Нареден ден, РУТИНА. Работа, дома, фамилија, легни си. Сабота и недела, денови за одмор од рутина. Проклет понеделник. РУТИНА.

Фатени како заморчиња во еден безбоен свет во кој секој ден е ист а времето само поминува и безболно не гази. Неисполнетост, сиво секојдневие, исти нервози, а соништата лежат некаде таму, закопани во нашата потсвест која фатила пајажина која ни тенк нема да ја исчисти. Затскриени ама не и избришани. Многумина од нас ја немаат таа „среќа“ да излезат од животното тркало кое безживотно го вртиме постојано, но и кога ќе се направи тој чекор напред, постојат толку сопки, препреки и прикриени но и јавно отворени замки, во кои морате да сте јако „наоружани“ за да не подлегнете и повторно да се вратите на старото, сиво јас.

Тие моменти се едни од најважните, кои можат да ве скршат или да ве направат уште посилни во вашата намера. Сите овие таканаречени негативци имаат само една намера, а тоа е да ви го одвлечат вниманието и за момент да ве оттргнат од вашиот пат. Запомнете:

„Луѓето што се обидуваат да ве убедат да се откажете не се обидуваат да ви помогнат, тие сакаат да објаснат зошто самите се откажале.“ – Грант Кардон

Тој вели: „ Несреќни луѓе не можат да ве учат како да бидете среќни. Сиромашниот не може да ве учи како да станете богат. Некој чиј брак пропаднал не може да ве учи како вашиот брак да го направите функционален. ПРОСЕЧНА ЛИЧНОСТ не може да ве учи како да бидете ИСКЛУЧИТЕЛЕН.“

Постојат негатори кои ќе се обидат ненамерно да ве спречат во исполнување на вашата замисла, но бидете претпазливи и внимавајте на ХЕЈТЕРИТЕ, бидејќи тие не ви мислат добро и ќе направат сè за да ве сопрат, да ви прошират сомнеж и да ви ги оттргнат мислите од вашата јасно зацртана цел.

„Ако не собирате хејтери, ништо не работите. Ако немате хејтери, не сте закана за никого. Гарантиран показател дека сте на вистинскиот пат и дека успевате е стекнувањето и имањето хејтери. Ваша работа не е да се согласувате со хејтерите. Не треба ни да се ослободите од нив ни да се справувате со нив. Хејтерите се всушност вашите најдобри промотори. Хејтерите и негаторите не остваруваат, тие само зборуваат.

Верувале или не, постои само еден виновник поради кој ќе се откажете и нема да ги остварите своите соништа. А тоа сте токму ВИЕ! Никој на Земјата планета ја нема таа моќ да ви попречи да тргнете по патот кој ви е вам предодреден. Затоа бидете храбри, соберете сила, мудрост и моќ во вашите мисли и вашето срце и тргнете во поход. Светот е ваш, на вас останува на свој начин да го освоите.

 

Сонувајте БУДНО, бидејќи само така го живеете вашиот сон.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0