Нови (НЕ)ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ на повидок! Спремете се за ШОК!

Министерството најави дека во оптег ќе пушти уште еден тип на вакцини кој ќе биде наменет само за одреден дел од популацијата која ќе биде засегната со овој „проблем“ кој вирее на нашите простори.

Нема простор за паника, најавија од Министерството за МОДА, каде главниот збор го има единствениот и неповторлив Сергеј Варошлија, кој со овие нови „вакцини“ или модни шок-терапии ќе се обиде повторно да ја пренесе своевидната модна критика низ својот уникатен шарм, отворено, дрско и без влакна на јазикот.

После оваа паднемија, која за жал сеуште е во тек, богами на повеќето ни треба едно модно освестување, како би се разбудиле од овој лош сон и повторно би блеснале со убави парчиња во секојдневието.

Некој го сака, а некој и не го сака, тоа секако си е индивидуално право, но повеќето ќе признаете дека едвај чекавте повторно да го слушнете неговиот глас и „безобразни“, но секогаш на место, критики, дозирани со шега во негов стил.

Да го воздигнеме убавото но и да му врземе шамар со вкус на реалност на невкусот. Да ја вратиме насмевката како аксесоар број еден, и да се забавуваме со неделната доза на Сергеј во етерот.

Уживајте …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0