Панчо призна дека бил сексуално злоставен во минатото!
Вечерва на социјалните мрежи се обрати Панчо, каде се огласи со свое мислење околу актуелниот случај со „Јавна соба“ каде го изрази своето мислење но и јавно се „исповеда“ за еден случај кој го имал во минатото.
Еве што напишал тој на својот Фејсбук профил:
Од тука прво што може да заклучиме е дека на Панчо очигледно не му се погаѓа во љубовта и цело време дува и на ладно и на мраз. Што жени ќе беа тие што му се мотаат наоколу, што размислува нотарски договори да потпишува? Секој тргнува од своето искуство, така да од негова страна ова си е скроз ок. Може сепак човекот си имал лош избор на старлети или wanna-be познати девојчиња, па не излагало како што планирал. А што планирал може и самиот не знаел.
Второ, очигледно опасно испровоциран, јавно признава дека во минатото бил сексуално злоставен од некоја женска особа. Тоа е добро Панчо! Сепак имало нешто добро во оваа бука што се дигна околу „Јавна соба“, било да е вистинито или монтирано за некои случаи како што ти алудираш. Сепак некој толку ти згазна на „жуљ“ што реши тој „отров“ кој можеби потсвесно ти ја корнел душата да го исфрлиш од себе, макар и на овој начин! БРАВО за храброста. НЕ СИ САМ!
И секако трето и не помалку важно се социјалните мрежи на кои се раѓаат и прославуваат разно разни анонимуси преку ноќ! Од една страна е жално тоа што ја користат туѓата несреќа, и како што велиш ти „собираат поени на туѓ грб“, но од друга страна пак, колку повеќе отворено се зборува за оваа досега „табу“ тема, толку повеќе вистинските жртви ќе соберат храброст да проговорат и пред се психички да се ослободат од товарот кој им натежнал на плеќите и најмногу на срцето. А оние кои прават лажна претстава за без пари, кармата е тука пријателе, таа некогаш може касни, ама верувај дека секогаш доаѓа!
Најтешко нешто во ова време невреме е да се остане ЧОВЕК!