Под ИТНО отварање на градинките за СИТЕ ДЕЦА!

Минатата година помина во име на Корона вирусот кој го преврте светот наопаку. Карантини, полициски часови, затворени во сопствените домови, задолжително носење маски, навидум страшна година, но ете каква таква помина. Веќе одминува и првиот месец од новата година и ништо не е сменето. Градинките сеуште се отворени само за одредени деца, при што останатите се лишени од тоа право, така што индиректно негативно се влијае на целокупниот развој на детето.

За детето да биде примено во градинка, тоа треба да има потврда од двајцата родители дека се во редовен работен однос и дека одат на работа секој ден, односно работата не им е од дома.

Знаете ли колку е погубна оваа политика за малите деца? Дали знаете што значи детето да не оди во градинка каде се неговите другарчиња со кои учат ред, дисциплина, се дружат, јадат заедно, имаат групни актиности, развиваат социјален живот од мали нозе? КАТАСТРОФА, ете тоа значи!

Во интерес на детето е тоа да иде во градинка со своите врсници, каде ќе ја спознае убавината на дружбата, заедничката работа, ќе се спознае себеси, ќе покаже афинитети кон одредени активности и што уште не!

Без разлика дали мајката оди на работа или не, дали работи од дома или едноставно не е пријавена, детето треба да оди во градинка! Тоа ниту ќе останува цел ден, ниту ќе преспива таму, напротив, овие дечиња обично одат половина ден, до 12 часот кога доаѓа време за спиење и после родителот го зема детето дома и продолжуваат понатаму со заедничките активности. Тоа време од 8 до 12 часот е НЕПРОЦЕНЛИВО за детето!

Нас како портал не засега ова, затоа што нашата работа секако може да се врши од дома, но прво тоа не е изводливо бидејќи станува збор за мали дечиња кои имаат потреба од постојано внимание, и друго дека без оглед на работата, тие деца губат дел од својот живот кој за жал никогаш нема да можат да го вратат.

Мислете на децата, бидејќи тие се иднината на Македонија.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0