Предлог детски ЗИМСКИ КАМП за распустот кој следува

Зимски распуст, голема радост за дечињата, но од друга страна предизвик за родителите кои се работно ангажирани во тој период кога нивните најмили се дома. Дали сте размислувале како тие денови да им ги исполните со забава и едукација низ дружба, додека вие сте на работа? Како наместо да седат пред мобилни и компјутери по цел ден, да им понудите поинаква содржина и активности кои место да им претставува „товар“ за време на долгоочекуваниот распуст, да создаваат спомени и нови пријателства?

Зимскиот камп на едукативниот центар ХЕСЕД токму тоа и ви го нуди, место каде се читаат книги додека се пие топол чај со колачиња, се поттикнува уметноста, а одморот се поминува надвор на воздух низ заедничка прошетка, проследен со разговор и песна.

Со Марина Христова и претходно ве запознавме и не се сомневаме дека заедно со нејзиниот тим ќе се вложат и повеќе од 100% за исполнување на среќата на сите дечиња, а нивната искрена и длабока насмевка ќе биде доволен доказ за успешно исполнетиот ден.  Јавете се и распрашајте се за деталите околу овој зимски камп.

Покрај кампот, центарот ви нуди и постојани активности во текот на работната недела, по завршување на часовите на децата. Топло ви ја препорачуваме Марина како едукатор, а вашите деца ќе можат да ви го потврдат тоа.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0