15 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Природата ни испраќа силна порака – да ја ПОСЛУШАМЕ!

Човекот е гостин на оваа планета. Тој доаѓа на овој свет, останува тука околу еден век, и си заминува. За време на неговото гостување, тој е одговорен за своите постапки, дејствија и начинот на кој ќе се однесува спрема неговиот домаќин. За жал, се повеќе човекот се однесува неодговорно и без почитување. Ги сече дрвјата кои ни даваат воздух, земјените, тревните и цветните површини ги прекрива со асфалт, го загадува воздухот кој го дишеме, ги загадува реките, езерата, морињата и сите можни водни површини, се однесува безобразно, дрско, без трошка одговорност кон себе, ближните и идните поколенија.

Човекот е најголемиот штетник на оваа планета. Заслепен од потребата на материјални добра, тој ја продава својата душа и на ѓаволот ако треба за да се здобие со статус, моќ и висока положба во општеството. Капитализмот буквално го срози нашето постоење. Богатите кои стануваат се побогати ги држат конците во своите раце спрема кои сме „навидум“ немоќни, додека сиромашните се повеќе тонат во секојдневната беда и сиромаштија на која своевремено и се навикнуваат како на нормален начин на живот.

Ако некој има придобивка од Корона вирусот, тоа секако е природата. Зарем треба луѓето да се затворат во своите домови за таа да може нормално да функционира и живее? Воздухот е чист, реките ја враќаат својата првобитна боја, црцорот на птиците е се почеста мелодија која може да ја чуеме од домашниот притвор за кои сме си сами криви.

Оваа Корона ситуација треба да ни биде една голема лекција за тоа кои сме ние луѓето и кој е нашиот статус на оваа планета. Треба да научиме да делиме со природата и кон неа да се однесуваме со должна почит. Треба да живееме во хармонија и баланс со неа а таа ќе ни возврати десеткратно, ако не и стократно со мелодија која ќе биде задоволство за сите сетила. Ќе дишеме, ќе гледаме, ќе живееме поздраво, поубаво, во мир и меѓусебно заедништво, со разбирање и солидарност едни спрема други.

Време е да престанеме да ја предизвикуваме моќта на природата, затоа што таа е бескрајна и може да биде крајно безмилосна. Со еден удар може да не избрише од лицето на земјата без да трепне. Никој од нас тоа не го посакува, нели? Дајте заедно да покажеме мудрост и да ја научиме лекцијата која ни е сервирана.

Едно извини секако не е доволно, но пак е некој почеток.

Прекрасна природо која не опкружуваш, ИЗВИНИ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0