Природно против висока телесна температура

Апчиња, парацетамоли, прашоци, сирупи, чепчиња и што уште не е дел од понудата на фармацевтската индустрија при покачена телесна температура. Нормалната телесна температура изнесува околу 37°C, иако таа малку може да варира од личност до личност, и може да биде под влијание на разни фактори како што се времето во текот на денот и временските услови. Во главно:

  • 38-39°C е лесна температура,
  • 40°C или повисока е висока температура која бара медицинска помош,
  • 42.4°C или повисока е опасна висока температура која бара идна медицинска помош.

Во народната медицина секако постојат одредени производи кои ни ги дава природата со кои можеме да влијаеме на спуштање на телесната температура. Сепак доколку станува збор за повисока температура, најдобро е истите природни лекови да се комбинираат со некои од лековите кои ќе ги купиме во аптека.

Еве кој е најголем непријател на високата температура:

     1.КРОМИД

Користете свеж кромид. Доколку кромидот ви стоел дома некое време, тогаш тој може да не биде доволно ефективен. Немојте да го ставате кромидот во фрижидер бидејќи тие не се добредојдени за лицата со повишена телесна температура. Поради тоа најдобро е кромидот да се чува на собна температура. Исечете го кромидот на кружни парчиња и ставете го во чорапите на болниот. После тоа нежно масирајте го местото како сокот од кромидот би продрел во стапалото со што ќе помогнете на лековитите придобивки да навлезат во телото. Кромидот треба да се менува на секои 4-6 часа. Препорачливо е исто така да ставите сад со кромид низ куќата како би ги отстраниле бактериите од воздухот. Во тек на 24 часа, настинката и симптомите исчезнуваат и здравјето полека се враќа.

        2. ОЦЕТ

Еден од најпознатите природни лекови (покрај ракијата) е секако добриот стар – јаболков оцет. Земете подлабок сад, наполнете го со ладна вода и ставете 2 полни лажици оцет (истата постапка можете да ја правите и со чист оцет без разблажување со вода). Натопете ги чорапите во течноста, малку исцедете ги како не би течеле насекаде и облечете ги на нозете на болниот. Замотајте ги стапалата со пешкир како би спречиле истекување на течноста на креветот. По 45 минути повторете ја постапката. Отстранете ги чорапите доколку рацете или нозете на болниот се ладни или доколку болниот почне да се тресе.

Оцетот го стимулира протокот на крв има и ефект на намалување на треската. Тој исто така го зајакнува имунолошкиот систем и помага при побрзо распаѓање на непотребните материи.

     3. ТУШИРАЊЕ

Пред да започнете со било која постапка за намалување на телесната температура, најпрепорачливо е тоа да започне со едно туширање. Тука не станува збор за спремање на топла бања, туку едноставно туширање со користење на сунѓер. Натопете го сунѓерот во млака вода и соодветно поминете ги точките на топлина, како што се стапалата, задниот дел од колената, челото и тилот на вратот. Со ова ќе се симне температурата без да се предизвика треперење и треска. Не користете ладна вода.

     4. КОМПИРИ

Компирите се одличен сојузник кога станува збор за намалување на високата температура. Едно решение е да изрендате еден свеж излупен компир и содржината да ја ставите во внатрешноста на еден пар чорапи. Советуваме да користите памучни чорапи бидејќи синтетиката може да предизвика загревање а тоа е нешто што не го сакаме во овој случај. Откако ќе ги наполните чорапите, облечете ги на болниот. Друг начин на кој можете да го употребите компирот е да го исечете на кругови кои ќе ги ставите во парче ткаенина и така ќе ги поставите на челото на болниот. Овој лек е ито така корисен и во случај на главоболки.

Нека е со лесно.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0