ПРОСО – многу повеќе од „храна за птици“

Како се менува времето кое изминува, така со него се менуваат и нашите животни навики, прилагодувајќи се на брзината на живеење, темпото кое се некако е чекор пред нас и особено исхраната и начинот на живот кој го применуваме како би останале здрави и свежи во ова лудо време.

Ретко кој денес има време да замеси домашен леб, а сведоци сме дека денешниот бел леб е воздушест и не најадува, е полн адитиви и што уште не, и треба да е помалку присутен на нашата трпеза. Останатите лебови правени со разни видови на брашно, со разни семки и рок на траење од еден месец, се повторно некако набилдани како би имале толкава трајност во нашиот дом. Млекото што го пиеме повеќе наликува на обоена вода, јогуртот густ кој едвај се става во чаша, и уште многу други производи кои немаат никаква заедничка точка со тоа што било во минатото.

Затоа и можеби повеќето од нас прибегнуваат кон некоја „алтернативна“ исхрана, која можеби не сме ни помислувале дека некој ден ќе биде дел од нашето секојдневно мени. Најдобар пример за тоа е неговото височество ПРОСО, кое од „храна за птици“ станува дел од нашата трпеза поради особените нутритивни вредности кои ги носи во себе.

Просото не содржи глутен и е богато со растителни влакна кои помагаат за добра дигестија, како и во борба против запек, високо ниво на холестерол, триглицериди и шеќер во крвта.

Просото е богато со магнезиум и железо, претставува одличен извор на протеини и содржи калциум, фосфор, никел, витамин Е и витамини од групата Б.

Важно е да се напомене дека просото е житарка која дејствува алкално во организмот, поради што има лековито дејство и помага при појава на дигестивни проблеми.

Поради нејзината „лековита“, богата и лесна природа, просото особено се препорачува и е дел од бебешката исхрана и таа е меѓу првите житарки кои се воведуваат во исхраната на најмалите кои за прв пат вкусуваат храна која треба да е високо нутритивна но и лесна за варење во бебешкиот организам.

Доколку сеуште не сте ја пробале оваа „магична“ житарка, тогаш е време да ја вклучите во вашето неделно мени и самите да бидете сведоци на промените кои ќе се случат во вашиот изглед, дигестија и секако ниво на енергија.

Бидејќи здравјето преку уста влегува …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0