Работа во државна администрација – Благослов или Казна!

Приватно или државно? Ризично или сигурно? Можност за големи приходи или редовни примања? Ова се прашањата кои треба да ги одговорите за да се одлучите дали сте спремни да ги следите и остварите вашите соништа или сакате да се затворите на едно место, без можност за напредок, зголемување на плата и тапкање во место до крајот на животот.

Овојпат политиката ќе ја оставиме на страна. Партиите примија што примија по институциите, столчињата и фотељите се веќе окупирани, се до наредите избори секако, но прашањето е дали ова е работата која ќе ве направи среќни во животот? Ако вашиот одговор е да, тогаш може да застанете со читање бидејќи овој текст не се однесува на вас.

Што е тоа толку што го привлекува човекот кон таа државна столица?

  • Редовни еднакви примања – Почнувате со некоја основна плата, која доколу напредувате во едукативна смисла или по скалата на хиерархија може да биде малку покачена. Кога ќе го достигнете тоа ниво, тоа е платата која ќе ја добивате до крајот на животот. Без можност за бонуси, без дополнителни примања, без дополнителен напредок во кариерата. Нема возбуда, нема креативност, нема истакнување. Тука ли застануваат твоите можности? Ја достигна ли умствената граница која нема лимит, а тебе вратата ти е веќе затворена? Замре ли детето во тебе кое мечтаеше за она што срцето ти го посакува или умот не го дозволува? Нели сакаше да го видиш светот, или едно летување во Грција е и повеќе од доволно? Ќе запреш ли тука?
  • Работа на неопределено време – Тука сум и никој не смее да ме помрдне од оваа мртва точка на гувеење. Каде е желбата за постојана надградба, учење, усовршување, каде се изгуби скалилото на успехот кое може да ве однесе нагоре.
  • Работно време од 8 до 16 часот – И ни минута повеќе. 16:00 се облекуваш и излегуваш и не се вртиш назад. Бегај што подалеку од таму. Така ли го замислувавте животот, низ призмата на зевање, досада и чекање на крај на работното време? Каде е тука возбудата, или некое добро after-work парти се ќе избрише од вашата меморија?

Кога решивте да се откажете од вашите соништа? Кога решивте да се откажете од заработување на првиот милион? Зарем ви годи овој живот полн со кредити, неможност за патувања, неможност за себеостварување?

Затоа друг пат кога ќе завидувате на некој што работи во државна администрација помислете на следното: Дали воопшто има нешто убаво во таа монотона, еднонасочна, убиец на соништа, здодевна работа? Дали таа работа е благослов или е најстрога казна?

Отворете ги вратите на светот. Зошто да сте заглавени во истата бара кога можете да ги отворите ширум вашите крила и високо да полетате? Ако не пробате, со сигурност нема да успеете.

Живејте го животот за кој сте предодредени како индивидуа. Живејте за вас. Без ризик нема напредок. Без обид нема успех. Без соништа животот нема смисла. Пронајдете ја смислата на вашиот живот. Пронајдете се себеси.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0