15 октомври 2024
Здравјето пред СЕ

Растенија кои го прочистуваат воздухот во нашиот дом

Ако сакате функционални „декорации“ во домот, тогаш одговорот може да го најдете во домашните растенија. Некои зеленила не само што можат да го осветлат просторот, туку можат и да го прочистат воздухот – и секако се корисни за создавање порелаксиран амбиент погоден за одмор во секоја просторија од домот.

Сите ние знаеме дека времето поминато во природа е поврзано со намалување на нивото на стрес и олеснување на напнатоста, затоа ви претставуваме 5 прекрасни куќни растенија кои се лесни за одржување, но воедно се и ефикасни за зголемување на кислород и прочистување на токсините за почист воздух за дишење, од кои некои дури имаат и печат за одобрување од НАСА. Обидете се да ставите некое од нив во вашата спална соба или канцеларија за мала доза на зен.

         1. АЛОЕ ВЕРА

Гелот на растението алое има голем број на лековити својства. Тој не само што ги смирува изгорениците на кожата и исечениците, туку може да помогне да се следи квалитетот на воздухот во вашиот дом. Растението може да помогне во расчистување на воздухот од загадувачи што се наоѓаат во хемиските производи за чистење, и кога кога количината на штетни хемикалии во воздухот станува прекумерна, лисјата на растението ќе покаже кафени дамки. Ова растение најдобро расте со многу сонце.

           2. ФИКУС

На многумина омилена билка во домот – фикусот, според Фенг Шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот. Тие се добри за чистење на воздухот и се едни од најлесните растенија за одгледување, бидејќи напредуваат дури и при слабо осветлување и во поладни простории. Фикусот е моќен отстранувач на токсини и одличен прочистувач на воздухот.

         3. ЗМИСКО РАСТЕНИЕ

Сансевериа, индијанско перо, јазикот на свекрвата или уште познато како змиско растение, нема потреба од многу светлина или вода за да преживее, па затоа тие се лесен избор за било кој агол во вашиот дом. Ова растение го апсорбира јаглерод диоксидот и ослободува кислорот во текот на ноќта (додека повеќето растенија го прават тоа во текот на денот). Поради тоа е препорачливо да додадете еден во вашата спална соба за да дишете чист воздух и додека спиете.

          4. БАМБУС ПАЛМА

Атрактивната бамбусова палма се наоѓа на врвот на листата на НАСА како топ растение за прочистување на воздухот со прочистувачки резултат од 8,4. Тоа исто така е особено ефикасно во расчистување на бензен и трихлороетилен. Овие растенија треба да бидат добро наводнети, во сенка или изложени на индиректна сончева светлина.

        5. ФИЛОДЕНДРОН

Ова растение во форма на срце е популарен избор меѓу народот при уредување на внатрешни простории, бидејќи тие се лесни за одгледување и можат да израснат во атрактивни декоративни лози. Како и англискиот бршлен, тие се особено добри во апсорбирање на ксилен. Тие можат да траат многу години доколку правилно се грижите за нив. Тоа расте со умерено количество на вода и сончева светлина.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0