11 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

СО ЦЕЛ ПАМЕТ Владата бара донации од народот?!?

Добро бе политичари, министри и останати криминалци, па дали вие имате грам памет во тоа главите? Сериозно прашувам, за другар! Луѓе без работа останаа, голем дел се веќе на минималец и едвај сврзуваат крај со крај, и вие најдовте од овој „напатен“ (ОД ТАКВИТЕ КАКО ВАС) народ да донира средства, кои секако ги нема, за да се справите подобро со ситуацијата?

Па нели се задолживте, а патем и добивте милиони и милиони? Каде се тие пари? Дајте бидете транспарентни, ако можете нели, па да видиме точно за што и како се потрошени. Или мислевте дека ќе залажете народ со по некој денар, кој секако за храна и основни производи ќе биде потрошен и сега можете да глумите доброта и светци?

Како не ви е срам! Па имате ли вие луѓе образ, или тоа одамна е избришано од вашите лица! Засрамете се! Луѓе со години отвараат сметки и бараат донации од својот народ, од своите сограѓани кога имаат мака, за лекување, за здравје, за живот, кои државата е НЕСПОСОБНА да ги обезбеди, за вие сега на толкава парична помош од сите страни сте се свртеле кон нас! За срамота држава!

Ама битно избори да има! Битно фотеља да се лапне. Телефони фрштат, гласови се бараат, власта мора да се освои по секоја цена. За кого ли народот ќе гласа, што мислите вие? За неспособните кои бараат пари од народот (ееееееј уште не ми се верува дека дојдовме до тоа државата да бара пари од народот кој цел живот го краде), или за тие другите, уште понеспособните кои ја опустошија цела држава која битно е да се гради, за градежната мафија која го зацементира цело Скопје, или пак за константите трујачи на воздухот кои тивко не убиваат секој божји ден. Изборов ни е ПА ПА ПААААА, катастрофален, ужасен, никогаш повеќе, ма дајте ви се молам, одете си време е!!!

Чудесна е оваа моја земја Македонија. Толку убава, а толку трула. Жално. Каде сме тргнале, којзнае каде ќе стигнеме. Само уште коронава ни фалеше за поштено да не дотепа. „Среќа“ навикнати сме на ваков живот, да сврзуваме крај со крај, да се тепаме едни со други за шлагот да го крка сосема некој трет, а ние да се сладиме со ронките фрлени на под.

Ах мила моја Македонијо, ќе се спасиме ли некогаш од овие лешинари кои не надвиснале, кои цел живот ни глочкаат по коските и сакаат и последната капка крв да ни ја земат? Дали има спас за нас? 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0