Со откажување до вистинска СРЕЌА

Сте се запрашале ли некогаш што всушност треба да направите за да бидете навистина среќни? Одговорот е во откажување! Да добро слушнавте, и тоа од следните работи:

Откажете се од изговори.

Неможам. Стар сум за тоа. Од утре здравје. Изговори. Изговори. Изговори. Не бидете мрзи. Станете и мрднете се од мртвата точка во која удобно сте се вдомиле. Денес е денот да почнете да вежбате. Денес е денот да започнете правилно да се храните. Денес е денот да се запишете на курс по француски. Денес е денот да почнете да живеете.

„Патот од илјада чекори, започнува со првиот чекор.“

Откажете се од каење.

Во животот сите носиме поголеми или помали одлуки. Не секогаш тие се правилни. Не секогаш тие ќе не донесат до посакуваната цел, но тие се неизбежни. Ако згрешиме, да сме живи и здрави, животот секако продолжува понатаму. Затоа не губете време, само берете памет друг пат.

„Животот е премногу краток за да се помине во каење.“

Како-до-вистинска-среќа-преку-откажување-стопосто-мудрост-2

Откажете се од бркање на погрешни луѓе.

Длабоко во себе знаете дека тој/таа не е вистинската личност за вас. Сепак вие упорно и неуморно пробувате да го направите невозможното. Запомнете: Луѓето не се менуваат! За промена, вложете ја таа енергија во нешто продуктивно. За секој постои некој, само отворете ги очите пошироко и кога најмалку очекувате ќе слушнете тропање на вратата на вашето срце.

Откажете се од ограничувања кои сами си ги поставувате.

Сонувајте. Создавајте. Остварувајте. Не се плашете од неуспех. Доколку не се обидете никогаш нема да дознаете дали сте можеле да успеете. Наместо поставување граници, што велите за нивно рушење. Секој нареден чекор нека биде чекор напред. Надминете се себеси.

„Единствените ограничувања во нашиот живот се оние кои што самите ги поставуваме.“

Како-до-вистинска-среќа-преку-откажување-стопосто-мудрост-1

Откажете се од обидите да бидете нешто што не сте.

Вие сте тие што сте. Такви какви што Бог ве сторил. Како би изгледал човечкиот род кога сите би биле исти? Јајце на јајце, две јајца! Убавината е во различноста! Секој од нас поседува специфични квалитети, карактеристики кои не двојат или спојуваат кон останатите. Прифатете ги, затоа што тие се неодвоив дел од вас. Наместо да ги прикривате или пробувате да ги промените, истакнете ги! Бидете тоа што сте!

„Бидете уникат, не дупликат!“

Откажете се од обидите да им угодите на сите околу вас.

Обидите да ги усреќите луѓето околу вас се навистина бесценети. Моментот кога ќе изнудите насмевка од спротивната страна е навистина драгоцен. Но дали треба сето време да се сведе на угодување? Добрите релации помеѓу двајца пријатели, љубовници итн опстојуваат поради обострано вложување и негување на таа врска. Во спротивно ќе дојде момент кога и самите ќе се уморите од работа за двајца. Но зошто да се дојде до тоа дереџе? Наместо тоа, нареден пат пробајте да си угодите сами на себеси!

Прегрнете се себеси. Прегрнете ја среќата. Прегрнете го денот.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0