Сок од цвекло во тек на бременоста – ДА или НЕ
Цвеклото е зеленчук кој е познат по својата карактеристична темно црвена боја како и своите многубројни лековити дејствија. Тоа содржи белковини, минерали, масти, јагленохидрати и витамини, Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12, кој е мошне редок во растителната храна. Бојата на цвеклото поттикнува од состојката антоцијан, природен растителен пигмент за кој постојано расте интересот поради неговата можност за примена во превенција од кардиоваскуларни заболувања и тумор.
Како и самото растение така и сокот кој го правиме од цвеклото е исклучително здрав, особено ако се прави свеж.
Кога станува збор за бремени жени кои повеќе од било кога внимаваат на своето здравје, како и на се што внесуваат преку својата исхрана, се поставува прашањето дали сокот од ова растение е препорачливо да се внесува во организмот.
Сокот од цвекло е богат со фолна киселина како и витамин Б9 кој има значајна улога во создавање на црвени крвни зрнца и спречување на анемија. Поради овој витамин, сокот од цвекло исклучително се препорачува да се конзумира во текот на бременоста, бидејќи тој има значајна улога во развојот на нервниот систем на плодот.
Фолната киселина и бетаинот кои се наоѓаат во цвеклото го намалуваат нивото на аминокиселината хомоцистеин, чие високо ниво во крвта може да предизвика затнување на крвните садови. Тој содржи и манган, чиј недостаток може да предизвика промени во коските, проблем во метаболизмот, растот и плодноста. Бидејќи содржи и витамин Б2 цвеклото е корисно при превенција од разни кожни болести и дерматоза.
Ова се само дел од лековитите дејствија на цвеклото како и неговиот сок, кој секако е препорачлив да се употребува во секојдневната исхрана, особено при бременоста. Затоа вклучете го во вашето секојдневие и грижете се за себеси.
Здравјето пред сѐ.