СТАРИТЕ ЛУЃЕ се за ЌОТЕК!

Како што рекле старите: Ќотекот е од рајот излезен! Да, ама изгледа тој добро треба да им се удри за да се свестат малце за своите постапки! Слушаат ама изгледа не им се слуша, гледаат ама некако не догледуваат, прават се обратно, контра, намерно или ненамерно, од незнаење или од простотилак!

Дали гледате кој ги прави сите гужви пред продавниците? Кој се бутка во вас додека пазарите или пак додека чекатe на каса и некој ви дише во вратот? Кој ги купува сите брашна, масло, макарони како да е во воена состојба државата? СТАРИТЕ ЛУЃЕ! Препораките се да се купува нормално, како што и претходно сме купувале за недела дена, а не да се купат 20 кг брашно, 20 кесички квасец и 10 масла, како што старите го прават тоа!

Па добро мајка му стара, кој толку ви меси лебови, пити и зелници што сте се заграбале за овие производи … или сите по една пекара дома си имате???

Второ, ако се препорачува да се стои на растојание од еден метар, зошто тогаш се буткате во сите околу вас, па сигурно нема побрзо да испазарите или побрзо да завршите на каса? Почитувајте ги правилата и држете растојание. За вас се работи!

Трето, кратките прошетки на сонце секако не се забранети, ама сами, без собиранки, без висење по клупи и бистрење политика, барем овие денови кога здравјето на сите нас, и особено на вас е доведено во прашање!

Бидете свесни за своите постапки. Се однесувате бетер од мали деца! Наместо да бидете пример за мудрост пред сите, вие ги правите спротивното. Дајте да учиме од вас и вашите постапки бидејќи вие сте виделе многу повеќе од нас, сте прошле повеќе, сте пропатиле повеќе, ама овојпат од вас се бара смиреност и послушност. Вашите најблиски, комшии, волонтери, добри луѓе ќе ви помогнат и ќе направат се да не бидете загрозени по било кој основ. На вас останува да одмарате во домашни услови и да бидете трпеливи додека ситуацијата не се заврши.

Младост – лудост. Старост – мудрост. 

Така рекле, така нека биде.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0