Што да подарам за празниците?
Колекција, блуза, комплет пижами, некој фин парфем и уште по нешто, се само дел од работите кои се најчест избор при подарување на саканите личности. Се е тоа во ред и на крајот на краиштата е важен гестот и тоа што сте се сетиле и сте подариле од срце, но кога последен пат сте добиле воодушевување од другата страна, извик на изненадување по кое ќе знаете дека сте загреале точно под површината на срцето и сте измамиле солзи радосници и душевна возбуда и восхит? Време е за такви посебни моменти.
Нема некоја посебна филозофија околу предизвикувањето еуфорија и ефект на возбуда, бидејќи единственото нешто кое треба да го направите е малку да прошарате и пребарате околу понудата на работи кои прво вам ќе ви го заскокоткаат расположението, а со тоа верувајте дека ќе имаат уште посилен ефект на спротивната страна.
Ова се нашите први 3 предлози:
- Уникатен накит – бидејќи не е злато се што сјае! Цената и парите кои ќе ги потрошите се неспоредливи доколку подарите нешто што е уникатно, впечатливо, нешто кое се двои од околината и предизвикува восхит и чувство на уметност.
Повеќе погледнете на овој линк: Farina’s handmade
- Штосна капа, шапка или можеби беретка – за храбрите, одлучните и оние кои знаат што сакаат и точно знаат како тоа да го добијат. За дополнително чувство на моќ, престиж, шарм и тренди магија која ќе ве однесе во наредно ниво на расположение …
Повеќе погледнете на овој линк: Branchella
- Еден натпис кој му дава посебен шмек на целиот аутфит – такви се дуксерите, маиците и капчињата на еден креативен лик кој му дава инспиративно урбана димензија на едно обично парче гардероба …
Повеќе на линкот кај гуруто: BibiRibi
Ова е само прв дел од нашите предлози за подарок за престојните празници, а може секако и себеси да се почастите со нешто вака убаво и несекојдневно. Бирајте уникатно и додајте доза ведрина и позитивна енергија во вашата животна приказна.
Имајте убав ден убави луѓе.