„УДРИ ПО ЏЕБ“ е лекот за намалување на сообраќајните несреќи!

Сообраќајки со трагичен крај, прегазени пешаци, несовесни, нервозни, неизживеани возачи на кои местото не им е позади воланот, паркирани каде ќе стигнат, битно 4 уклучени да трепкаат, мотори на велосипедски патеки и на тротоари, но и некултурни, невоспитани пешаци на кои секое делче од улицата им е пешачки премин, се повеќе од доволна причина да се воведат казни кои силно ќе удрат по џебот на македонскиот граѓанин, кој САМО во својата држава се однесува како сака, не почитувајќи никакви правила, прописи, да не зборуваме и за закони!

Дали некогаш сте се запрашале зошто Македонецот кога е во друга држава СТРОГО ГИ ПОЧИТУВА СИТЕ МЕРКИ во таа држава? Затоа што знае дека нема така лесно да помине, има да си плати и никогаш повеќе нема да помисли да направи престап од било каков вид!

Но бидејќи во Македонија никој и ништо не се почитува владее тотален хаос и безредие! Еднаш само излезете и застанете на еден семафор и за само 10тина минути преку 30 коли ќе поминат на „портокалово“ и црвено, од типот на како први така други. Застанете на еден пешачки и ќе се изначекате да поминат сите коли и се да се расчисти за да можете да поминете, бидејќи никој нема да ви застане и да ви даде предимство кое од старт ви следува! Од друга страна пак, застанете на било кој булевар, еве тој кај Градска болница и можете да бидете сведоци на луѓе, за жал особено постара популација, која слободно си поминува на сред улица, притоа не мислејќи на последиците кои можат да настанат поради ваквиот чин!

Затоа ПОЛИЦИЈА ВО ЦИВИЛКА, на сите страни и нека пишуваат КАЗНИ! Знаете како ќе се смири народот после тоа? ПО БРЗА ПОСТАПКА! Никој не сака „дополнителни“ непотребни трошоци! Затоа слободно земете го примерот од другите држави и воведете ги не денес, туку ВЧЕРА! Веднаш во сила!

Време е малку овој народ да ги прибере распосланите нозе до каде што е чергичето. Да тргнеме од некаде додека е време.

Да бидеме совесни. Да бидеме ЛУЃЕ пред се!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0