Васил Гарванлиев – Горд Македонец или бугарски шпион?

Контроверзии, трачеви, или маалски муабети добија огромни размери откако на нашиот миленик од детството, познат по песната „Марионка“, доби втора шанса да ја претставува Македонија на избор на песна за Евровизија.

Еден прекрасен весел лик, уметничка душа, еден поинаков тип на интерпретација и самодоверба во себеси и своите способности градени со годините, пејач со извонреден вокал, талент и дарба за сцена. Ете тоа е Васил, еден „обично“ необичен човек кој заглавува во вашите уши, но и очи уште од првиот пат штом стапне пред вас.

Жално би било ако ова што му се случува во моментов ја тргне таа негова насмевка од неговото лице. Жално е што овој народ воден од ниски страсти ужива гледајќи како се рушат нечии соништа и визии за иднината. И најжално од сè е што македонскиот народ се научи да живее на грб на туѓата мака, несреќа, со очи широко отворени и уши начулени за жолт печат, долни трачеви и мотиви скриени позади патриотизам обоен со лажна љубов кон сопствената земја. Жално е.

Прво, Васил е уметник. Тоа што во неговиот спот за Евровизија имало уметничко дело кое наликувало на бугарското знаме е само чиста случајност и верувам дека и вие верувате во тоа. Но ете, тоа веднаш по барање на јавноста се среди, се тргна, се замени.

Второ, излезе „контроверзното“ видео каде Васил слободно си кажува дека има бугарски пасош, и кажува дека живее  „од другата страна на земјата“. Само да знаете, дека пола Македонија има бугарски пасош, така да не се удирајте во гради, а тоа што тој отворено го кажува е само доказ дека тој ниту се срами да каже, како што многумина го кријат тоа да не дознае народот кој одма ќе ги стави на „бесилка“, ниту пак смета дека тоа би оставило било каква дамка на неговата уметничка појава и музички сон кој одамна го живее.

„Од другата страна на земјата“ секој може да го протолкува како што сака, а најлесно е да ако се посее „семето на омраза“ па да се осудува, превртуваат зборови и вадат лажни муабети. Тој едноставно е човек полн со љубов. Од разговорот ние тоа го заклучивме. Тој не е ниту предавник, ниту шпион! Тој едноставно е уметник кој својата душа ја продал само на МУЗИКАТА! Токму поради тоа ние го почитуваме неговото дело и труд кој го вложува во остварување на неговите соништа.

Да не дозволиме Васил да биде новата Тамара! Доста уништувате туѓи животи. Свртете се кон себеси и погледнете се во огледало. Ако не ви се допаѓа тоа што го гледате пред себе, тогаш работете на себе и осврнете се кон својот живот, наместо кон туѓиот.

Наместо да се полните со гнев и омраза, уживајте во добра музика …

https://youtu.be/nd4YfjVWrro

Да бидеме луѓе пред сè.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0