Витамин Д за врвен имунитет
Со оглед на тоа што овие денови многу повеќе време поминуваме во затворен простор, Витаминот Д е секако неопходен за зачувување на нашето здравје и јакнење на имунитетот.
Според своето значење и моќ тој е дел од списокот на есенцијални лекови на Светската здравствена организација. Најголем извор на Витаминот Д е СОНЦЕТО, но со оглед на тоа што вирусот не оддалечи од неговите зраци и енергија, неопходно е да го обезбедиме во својот организам на друг начин.
Тој е одговорен за јак имунитет и способност на телото да се избори со сите вируси кои го напаѓаат. Тој е вистински борец против депресија, анксиозност и лошо расположение. Исто така е одговорен за одржување на здрави коски, а се препорачува и на личности кои патат од дијабетис тип 2. Истражувањата имаат покажано дека овој витамин има позитивно влијание при лечење на кардиоваскуларни болести и алцхајмерова болест.
Најбогат извор е рибата, односно туна, сардини, скуша, бакалар, харинга, лосос, но и сите останати морски плодови кои се одличен избор во овој период. Витаминот Д е растворлив исклучиво во масна средина, што значи дека исхраната со масни намирници е особено важна за апсорпција на овој витамин. Како би го извлекле најдоброто од него, потребно е да го комбинираме со магнезиум и калциум.
Колку Витамин Д во просек е потребно?
Препорачана доза на Витамин Д е:
- за возраст од 1 до 70 години – 600 IU дневно
- над 70 години – 800 IU дневно
Покрај рибата и следните намирници го содржат овој витамин во изобилие:
- печурки
- козјо сирење
- сок од портокал
- полномастен јогурт
- полномасно млеко
- житарки
- жолчка од јајце
- туна
Лекарите препорачуваат во овој период да се вовоеде во исхраната и преку суплементи, како телото би добило доволна количина од овој исклучително важен витамин.
Здравјето пред се!