Во што ќе ги маскирате вашите деца за 1ви Април?

Утре е 1ви Април, светскиот ден на шегата, маските, смеата и секако еден од најпозитивните и најведрите денови кои со нетрпение децата го исчекуваат секоја година. Во ова време-невреме на носење маски и во секојдневното живеење, дајте да му дадеме малку жар, малку смеа која на сите ни е потребна а особено на најмалите кои покрај нас се навикнаа на новиот живот на дистанца и социјализација сведена на минимум.

Нека утрешниот ден биде ДЕН НА ДЕЦАТА, на нивните насмеани лица, на џагорот кој нивната игра го предизвикува, и за момент да се навратиме на оној „безгрижен“ живот кој го живеевме пред појавата на невидливиот непријател – вирусот, кој наскоро се надеваме со задоволство ќе го испратиме во неповрат.

Ако веќе немате смислено маска, направете го тоа веднаш денеска, и заедно со вашите најмили направете некој костим, истражете во што би се маскирале, како би се нацртале на лицето или во што би се облекле како би го одбележале овој магично прекрасен ден на шегата и добрата забава.

Сите протоколи ќе бидат запазени а маските ќе бидат задолжителни! Маска на лице, костум на тело! Ајде да живнеме малку во утрешниот ден, како за нас, така и за нашите најмали и најмили на кои им го должиме тоа!

Ајде утре да го преплавиме интернетот со шарени маскирани дечиња и сите заедно да се насмееме на животот!

Еве неколку предлог маски за почеток, како би почнале да размислувате и да ја оформувате вашата идеја …

   

 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0