Вучиќ доброчинителот, Заев сиромавиот! Македонија за греота!

Како поинаку да го одбележиме чинот на којшто бевме сведоци ова утро, кога на граничниот премин Табановце, на „свечена“ пресконференција излегоа Претседателот на Република Србија – Александар Вучиќ, и нашиот Премиер – Зоран Заев, кои го возвишија пријателство на двете земји, ја пофалија солидарноста, добрососедството и меѓусебната поддршка пред се, освен како непотребна претстава каде само уште зурли и тапани фалеа, а може и едно прасе ќе свртеа да не беа минусни температурите! Ќе беше смешно, да не беше трагично …

Заев прилично расположен од конечната прва доза од 8000 вакцини добиена како ДОНАЦИЈА, се расфрлаше со пофални зборови, гордо исправен пред македонскиот народ, наместо да ја прекине оваа парада и да се прикрие позади неспособноста да го обезбеди на народот тоа што скоро СИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ веќе го обезбедија, вакцините за Ковид 19 вирусот. Зарем во вакви услови на пандемија се одржуваат вакви претстави, кои не само што се крајно непотребни, туку и потценувачки за нас како држава и нација?

Го поздравуваме Претседателот Вучиќ кој сепак одвои од вакцините на својот народ за да помогне на македонскиот народ, на првата борбена линија од доктори и медицински персонал кој секојдневно е директно вклучен во борбата против овој вирус, но и тој самиот после неколку кажани пријателски зборови видно измрзнат, му се брзаше да си оди и да заврши со оваа шарада, отворено велејќи да побрзаат со пресот дека му е ладно!

Да се почне вакцинацијата, да се престане со парадата и да се зафатат со сериозна работа, ете тоа е потребно! Доста ни е каприци, лажни ветувања и прикривања на вистината. Способноста се покажува на дело, а неспособноста наместо да ја „прикриете“ вие отворено ја возвишувате. За греота народот со ваква власт.

Со надеж за подобро утре. Главата горе Македонци.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0