Зошто народот почна масовно да се вакцинира?

Откако стапија на сила мерките за забрана за влез во ресторани, кафеани и кафулиња, молови, обложувалници, казина и други настани од секаков вид, сведоци сме на зголемени редови пред вакциналните пунктови, каде луѓето безмалку се туркаат да стигнат на ред да ја добијат својата „боцка во раме“.

Одеднаш на дневно ниво за прва доза се решаваат повеќе од 10.000 граѓани! Зошто е тоа така, што мислите вие? Зарем навистина сметате дека на овие луѓе им дошло до кафе муабет во омиленото кафуле или опа иха по маси во најблиската кафеана? Можеби мислите дека нема да издржат без неделниот шопинг, па ќе се одлучат за вакцина само за да можат да денгубат по моловите?

Навистина мислите дека луѓето почнаа масовно да се вакцинираат за еден сертификат кој ќе им овозможи влез во кафуле или кафеана?

Дајте бидете реални! Тој што не сака „присилно“ да се вакцинира, нема теоретски шанси едно обично кафе да го натера да го промени своето мислење! Зошто тогаш медиумите толку ги форсираат овие работи како главен причинител на масовниот излез за вакцинација кој се одвива во моментов? Дали можеби е обид да се прикријат вистинските причини кои стојат во позадина?

Се повеќе се слуша гласот на вработените кои откриваат дека им се загрозени работните места доколку немаат примено вакцина! НИКОЈ не може и не смее да принуди некој да се вакцинира доколку сака да го задржи работното место! За тоа постојат закони и правници кои одговорно тврдат дека тоа е строго забрането и ја нудат својата правна помош доколку некој се најде во ваква ситуација.

 

Дали притисокот доаѓа од работодавачите кои притиснати од власта го наметнуваат ова правило кое се коси со основните човекови права?

НЕ ПОДЛЕГНУВАЈТЕ ПОД ПРИТИСОЦИТЕ! Издржете и бидете доследни на себеси до крај! Скоро секој од нас го има прележано овој вирус, со што има создадено антитела како борба кон истиот. Во спротивно најверојатно би се одлучиле за вакцина, зарем не?

Затоа, на 29 Август, НЕДЕЛА во 19 часот, излезете и бидете дел од ПРОТЕСТОТ против присилната вакцинација, со кој ќе им покажеме на „тираните“ кои ја наметнуваат туѓата волја и стратегија преку токсични мерки кои ја поделија нацијата на вакцинирани и невакцинирани, бели и црни овци, но во глобала – ОВЦИ, дека СИЛАТА и ВОЛЈАТА припаѓаат на НАРОДОТ!

ПОСИЛНИ СМЕ КОГА СМЕ СПЛОТЕНИ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0