Денес е национален ДЕН на ГУШКАЊЕ
Има ли нешто поубаво од една силна и топла прегратка. Денес давајте ја со широко срце и воспримајте ја со отворена душа. Денес, 21 Јануари е НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ГУШКАЊЕ.
Овој ден е годишен настан кој е посветен на прегратките. Тој е создаден од Кевин Заборни и прв пат е прославен на 21 Јануари 1986 година во Клио, Мичиген, УСА. Празникот е одбележан и во многу други земји, а бидејќи станува за момент кој предизвикува убави чувства помеѓу луѓето, зближување и е добар стартер за пријатен разговор, зошто да не си го присвоиме како и наш ден, секој ден од денес па натаму.
Идеата за Националниот ден на гушкање е да се охрабрат сите да ги прегрнуваат своите членови од фамилијата и пријателите почесто. Кевин го избрал датумот 21 Јануари бидејќи тој се наоѓал помеѓу Божиќните празници и Денот на вљубените, период за кој сметал дека луѓето општо земено се помалку расположени.
Но, дали сте знаеле дека од гушкањето можете да имате и повеќе здравствени придобивки … Меѓу нив би ги набројале:
- Намалување на крвниот притисок,
- Поддршка на имунолошкиот систем,
- Намалување на пулсот,
- Намалување на стресот,
- Подобрување на спиењето,
- Стимулација на мозочните центри за меморија,
- Намалување на болка …
Зарем треба уште да набројуваме? Помалку стрес, повеќе прегратки. Помалку омраза, повеќе љубов. Сакајте се и бидете сакани. Животот е убав.