Зошто ГРАДИНКИТЕ се легло на болести и кој е ВИНОВНИКОТ?

Секое дете треба да има можност и обрвска да посетува градинка се до тргнување во училиште. Доколку родителите имаат можност да го чуваат своето дете во домашни услови, тогаш би можеле тоа да го направат барем до кај 2-3 годишна возраст за да се создаде некој „почетен“ имунитет, но после тоа детето треба да се пушти меѓу други деца каде ќе се социјализира, ќе учи и осознава нови работи, и со тоа и полека ќе се пронаоѓа себеси во околината.

Никој не може да го подготви детето за опкружението кое му следува кога ќе тргне во градинка, па било на која возраст тоа да е. Порано или покасно ќе мора да се соочи со предизвикот наречен две недели градинка, две недели дома болен. Особени во овие зимски ладно-топли денови, кога вирусите и бактериите царуваат, поверојатно е дека тој сооднос ќе биде видоизменет, односно 1 недела градинка, три недели дома.

Колку и да е здравствено спремен и поткован од дома, со витамини, овошје во неограничени количини, нашетан на сонце, ветер, дожд и снег, кога градинката ќе стапи на сцена работите и те како се менуваат.

Кој е причинител за големиот процент на отсутни БОЛНИ деца во градинките во овој период

и како тоа се спречи, односно благо кажано барем да се намали? 

Верувале или не, најголем причинител се родителите! Да добро не слушнавте, РОДИТЕЛИТЕ! Кога детето е болно, тогаш тоа треба да се лечи во домашни услови и откако ќе се излечи треба барем неколку дена, односно една недела да остане дома за барем малку да му се поткрене имунитетот и појак и пред се ЧИСТ да се врати во градинка. Повеќето родители, од оправдани и неоправдани причини, не само што не ги чуваат децата таа дополнителна недела дома, туку и ги праќаат додека се сеуште настинати и под терапија во градинка. Дај му сируп на детето од сабајле и прати го да се доразболи, па и да разболи уште некое другарче по пат. И така натаму во еден магичен круг на болести, зарази, вируси и труење со антибиотици.

Ќе речете немате каде да го оставите вашето дете и дека работата не трпи толку отсуства. Да, но со вашата несовесност допринесувате на разболување на други деца и доведувате некој друг во положбата во која вие се наоѓате. Не мислете само на себе, мислете и на другите. На другите деца и на другите родители. Ваша обврска како родител е да го излечите вашето дете и здраво да го пратите во градинка, и никако поинаку.

Во градинка задолжително мора да се покаже потврда од лекар дека детето е здраво и може повторно да тргне во градинка. Без таква потврда треба да имаат обрвска да не го примат вашето дете за доброто на сите.

Само така може да се намали бројот на заболени дечиња во градинките и со тоа ќе се растеретат и родителите и секако здравствените установи.

Да бидеме совесни пред себе и пред другите.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0