Вака се создаваат ЗДРАВИ, СИЛНИ и СРЕЌНИ генерации!

Неделата во салата „Борис Трајковски“ се одржа танцовиот натпревар DanceOff, откако претходно беше откажан поради забраните и разните протоколи поврзани со пандемијата.

Децата играа, се забавуваа, се натпреваруваа и како никогаш досега се смееја и уживаа во својот полн сјај. Погледнете како изгледаше сето тоа:

  

Секој чест на организаторите – студијата за танц „Eat the Beat“ и „Break A Leg“ кои успеаја да го организираат овој долгоочекуван настан особено од страна на децата кои секојдневно напорно работат на усовршување на своите танцови способности заедно со своите врсници и пријатели.

Дали вашите деца танцуваат дома кога некоја песна ќе се појави на телевизија или на радио? Дали мрдаат во ритамот на музиката и го исполнуваат вашето срце штом ќе ги видите како безгрижно се предаваат на оваа вонвременска уметност? Тогаш не чекајте и дајте и можност на оваа друштвена спортска активност, каде чувствата се изразуваат преку танц, и очекувајте многу насмевки, посветеност, зголемена музикалност по дома, јакнење на натпреварувачкиот дух, но и психичка растеретеност на вашите деца која е само делче од придобивките кои танцот ги нуди.

Ние искрено ќе посакаме секогаш да ги гледаме вака насмеани и позитивни децата. Нема поубаво нешто на светот од тоа кога ќе заигра искрата на љубов и копнеж во нивните очи, кога буквално ќе го осетите тој жар во нивното срце кој ги разгорува сите нивни сетила и ги турка да бидат свои на своето, да бидат борбени, посветени и трпеливи, едноставно да бидат подобра верзија од тоа што се сега. Детството е непроценливо богатство кое се случува само еднаш во животот, затоа направете тоа да им биде исполнето, незаборавно, магично.

Децата се нашата иднина.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0